Вертикален држач
Функции
Едноставно ракување во вертикална ориентација
VG-C4EM е опремен со контроли за ракување, слично како и куќиштето на фотоапаратот. Локацијата, големината и формата на копчињата се оптимизирани и изработени од истиот материјал што се користи за куќиштата α9 II и α7R IV. Како резултат на тоа, функцијата, локацијата и „чувството“ при ракување со контролите се слични како тие кај куќиштето на фотоапаратот, кога фотоапаратот се држи вертикално.
Цврсто и сигурно држење
Генијалниот дизајн на држачот овозможува цврсто држење на фотоапаратот. Вертикалниот држач ви овозможува да фотографирате на лесен и удобен начин без разлика дали ќе го држите фотоапаратот хоризонтално или вертикално, за да можете да се фокусирате на објектот и кадарот.
Двојно подолго ефективно користење
Во VG-C4EM може да ставите една или две батерии NP-FZ100. Кога користите две батерии, фотоапаратот ќе работи двојно подолго отколку ако користите една батерија. Преостанатото ниво на енергија се прикажува на LCD-екранот, во чекори на промена од 1%. Кога ќе се испразни едната батерија, фотоапаратот автоматски ќе почне да ја користи втората батерија за да овозможи континуирано користење.
Батерии на полнење или напојување преку USB
Батериите во вертикалниот држач може да ги полните преку USB-приклучокот на фотоапаратот без да го отстранувате држачот од фотоапаратот. Кога снимате долги фотосесии, напојувајте го фотоапаратот преку надворешен извор на енергија директно преку USB-приклучокот на фотоапаратот, како што е батерија на мобилен уред или AC-адаптер за да продолжите да работите откако ќе се испразни батеријата.
Лесно и издржливо куќиште од легура од магнезиум
Надворешната страна на VG-C4EM е изработена од истата легура од магнезиум што се користи за куќиштата α9 II и α7R IV за да се добие истата цврстина како и самите фотоапарати, а сепак вкупната тежина и димензиите да бидат минимални.
Одлична заштита од прав/влага
Приклучокот за држачи на фотоапаратот го има истиот материјал за заштита како и куќиштето на фотоапаратот заради заштита од прав и влага. На овој начин се зголемува сигурноста на фотоапаратот.
Известување
Овој уред не може да се користи истовремено со адаптерот за монтирање објективи LA-EA2 / EA4. Ако ги поставите и двата истовремено, тесниот простор помеѓу уредот и адаптер за монтирање објективи ќе го отежни држењето на држачот.