Функции

Слика од Вертикален држач

Подеднакво ракување во вертикална и хоризонтална положба

Дизајнот на VG-C3EM овозможува речиси подеднакво лесна контрола на фотоапаратот и во вертикална и во хоризонтална положба, благодарение на копчињата и контролите кои се речиси исто поставени како тие на задната страна на фотоапаратот. На пример, вертикалниот држач нуди повеќефункционален избирач за брз избор на AF точка.

Слика од Вертикален држач

Форма на држач за посигурно држење

VG-C3EM има форма на држач и ви овозможува подобро држење за сигурно фотографирање во вертикална положба - речиси исто како и во хоризонтална положба.

Слика од Вертикален држач

Приближно 2x поголема издржливост

Вертикалниот држач VG-C3EM собира две батерии NP-FZ100 во внатрешноста. На LCD екранот на фотоапаратот има индикатор за енергија што ја прикажува преостанатата енергија на користената батерија во проценти (1% минимум). Кога енергијата на една од батериите ќе се потроши, автоматски се вклучува друга батерија за да продолжите со користењето.

Слика од Вертикален држач

Напојување од USB преку куќиштето на фотоапаратот

Батериите во вертикалниот драж може да ги полните преку USB приклучокот на фотоапаратот без да го отстранувате држачот од фотоапаратот.

Слика од Вертикален држач

Надворешна површина од многу цврст магнезиум

Изработен од истата легура од магнезиум како α9, овој држач е многу цврст и лесен.

Слика од Вертикален држач

Внимателно изработена заштита од прав/влага

Копчињата и контролите, како и приклучоците и електричните контакти, имаат ефикасна заштита за отпорност на прав и влага за да можете да фотографирате во тешки услови.

Информации за компатибилност

 

Оди на страницата за поддршка

Известување

Овој уред не може да се користи истовремено со адаптерот за монтирање објективи LA-EA2 / EA4. Ако ги поставите и двата истовремено, тесниот простор помеѓу уредот и адаптер за монтирање објективи ќе го отежни држењето на држачот.