Функции
Безжична технологија BLUETOOTH®
Комуникацијата преку Bluetooth® нуди сигурна далечинска контрола дури и при силна сончева светлина или кога има пречки помеѓу управувачот и фотоапаратот. Двонасочната комуникација овозможува дополнителна функционалност која не би била достапна преку уред што само емитува сигнали, како што е индикација на статусот директно на далечинскиот управувач.
Професионална сигурност
RMT-P1BT нуди сигурно ракување какво што е неопходно во професионалните работни опкружувања, со стабилна врска преку Bluetooth® и позитивна и брза контрола преку копчињата. Комуникацијата е безжична наместо оптичка, па затоа добивате максимална сигурност и брзина дури и во ситуации каде што е попречена директната линија на видливост.
Визуелен повратен ефект
LED-индикаторот со голема видливост трепка или свети континуирано за да покаже статус на блендата, снимање видео и статусот на AF. Тој нуди очигледна предност во ситуации каде што операторот нема директен пристап до фотоапаратот што треба да го контролира.
Идеален за опкружувања со лоши услови
RMT-P1BT работи со вградениот Bluetooth®-приемник на фотоапаратот, па затоа не е потребна жична врска или дополнителен приемник. Приклучокот на фотоапаратот ќе биде затворен заради максимална заштита од прав и влага, што придонесува за врвна стабилност на системот.
Прецизна контрола за ефикасно фотографирање
Прецизно ракување и повратен ефект на копчињата во комбинација со префинет ергономски дизајн за сигурна и брза контрола. Управувачот е дизајниран за да можете лесно да го држите и ракувате, што придонесува за непречено ракување без грешки.
Сеопфатна контрола
Достапни се основни контроли за фотоапаратите: копчиња за фокусирање за прецизна контрола дури и на мали промени на фокусот, преклопник за заклучување што спречува случајно активирање при транспорт, активирање/запирање на снимањето видео и моторизиран/дигитален зум. Достапни се и две приспособливи копчиња што ги отсликуваат функциите на копчињата C1 и AF-ON на куќиштето на фотоапаратите.