Држач за фотографирање со безжичен далечински управувач
Функции
Безжичен далечински управувач со BLUETOOTH®
Кога е прикачен компатибилен фотоапарат, далечинските контроли за фотографирање и снимање може да се користат додека го држите држачот, без да го допирате фотоапаратот. Секоја функции доделена на копчето C1 на фотоапаратот може да се активира преку далечинското копче C1 на држачот.
Не се потребни кабли
Безжичната комуникација преку Bluetooth® ја елиминира потребата од кабли за пренос на сигналите за контрола од држачот кон фотоапаратот. Насочете и фотографирајте без кабли што пречат.
Отпорност на прав и влага
Освен дизајнот што нуди заштита од прав и влага, отсуството на кабли значи дека капаците на приклучоците на фотоапаратот ќе останат затворени заради максимална отпорност на прав и влага на системот.
Заоблен за поголема удобност
Држачот е внимателно дизајниран за да понуди оптимална стабилност и удобност, без разлика дали е прикачен на компактен фотоапарат или фотоапарат без огледало со заменливи објективи. Копчињата за далечинска контрола се лесно достапни кога го држите држачот за непречено и интуитивно ракување.
Брзи и лесни промени на правецот
Позиционирајте го фотоапаратот за снимање автопортрети или видео на брз и едноставен начин. Зголемете ја веројатноста за снимање на вашата слика, дури и при фотографирање или снимање без помош. Можноста за лесно прилагодување на аголот на држачот заедно со положбите за заклучување на 90° овозможуваат фотографирање во вертикална ориентација со оптимална стабилност.
Функција за флексибилно закосување
Функцијата за брзо закосување го олеснува поставувањето на идеалниот агол на фотоапаратот за различни субјекти и гледни точки. Без разлика дали снимате автопортрети или друг субјект, функцијата за закосување ќе ви помогне да ја снимите сликата без да стоите во непријатни положби.
Може да се користи и како статив
Раширете ги паметно интегрираните ногалки на држачот за да го претворите во практичен и стабилен статив и да имате две слободни раце за видеоблоговите и други апликации.