Функции
Голема преносливост за самостојна употреба
Опремен со вградена меморија од 64 GB, микрофонот може да снима звук независно, без потреба од дополнителни уреди. Исто така, тој може да се поврзе директно со паметни телефони и компјутери, што овозможува поддршка за многубројни апликации за снимање.
Снимајте и тивки и гласни звуци
Микрофонот поддржува снимање во форматот Float со 32 бита, овозможувајќи ви да снимате аудиоподатоци без потреба од бркање на соодветните нивоа за снимање кога сте на сцената за да ги заштитите сигналите од изобличување. Снимените датотеки се складираат во внатрешниот простор за складирање од 64 GB на микрофонот.
До четири канали за излезен звук
Ако користите максимум четири микрофони ECM-W5T во комбинација со безжичниот приемник ECM-W5R, тогаш може безжично да снимате професионален дигитален звук во самиот фотоапарат со максимум четири канали. Секој говорник може да се сними како посебен звук, што придонесува за лесно уредување на работните процеси со разговори и интервјуа.
Голема сигурност
Приклучокот од 3,5 мм на микрофонот има опција за заклучување, што спречува ненамерно исклучување на кабелот при снимањето. Вклучената заштита од ветер го намалува шумот предизвикан од силен ветер или од дишење во микрофонот. Таа ви овозможува сигурно снимање на отворено. Ова е одлично за проследување во живо и снимање на отворено.
Дискретно монтирање и флексибилно ракување
Дискрениот изглед и дизајнот на логото се практични во ситуации кога не сакате микрофонот да биде видлив. Користете ги штипката и магнетниот додаток во зависност од ситуацијата, за флексибилно поставување врз облека или други површини. Вертикалната форма е лесна за држење, па затоа е соодветна за рачно користење при репортажи на настани и проследување во живо.
Целосно елиминирање на штетното влијание врз животната средина до 2050 година
Целта на проектот за животна средина Road to Zero на Sony е елиминирање на штетното влијание врз животната средина до 2050 година. Исто така, преминуваме на користење материјали за пакување без пластика.