Слика од производот
Слика од производот
Слика од производот
Слика од производот
Слика од производот
Повеќенаменски микрофон со штипка

Висококвалитетен дигитален звук со дискретен дизајн

ECM-LV1 е микрофон со штипка соодветен за различни ситуации и намени. Може да се користи со различни електронски уреди и е дизајниран да изгледа дискретно, за да можете да го позиционирате блиску до устата на соговорникот заради оптимално снимање на звукот.

Слика на која ECM-LV1 снима стерео звук
Јасен стерео звук

Не грижете се за насочувањето на микрофонот ECM-LV1. Повеќенасочните капсули на микрофонот вградени во ECM-LV1 снимаат јасен и висококвалитетен звук од сите насоки.

Работи во комбинација со ECM-W2BT

ECM-LV1 ви нуди безгрижно снимање ако го користите заедно со ECM-W2BT. Поврзете го ECM-LV1 со ECM-W2BT и фотоапарат што има интерфејс за дигитален звук за да снимате без да се грижите за оддалеченоста или насоката во која е завртен фотоапаратот.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Слика што ја прикажува компатибилноста на ECM-CS3 со електронски уреди со мини стерео приклучок од 3,5 мм
Подготвен за употреба со различни уреди

Освен со фотоапарати и видеокамери, ECM-LV1 е флексибилен за користење и со други електронски уреди. Може да го користите со уреди што имаат влез за надворешен микрофон, како компјутери и дигитални диктафони.

Модерен дизајн 
Слика што ја прикажува штипката на ECM-LV1 што ротира за 360 степени
Прикачување со штипка која ротира за 360 степени

Флексибилната ротирачка штипка ви овозможува да го прикачите микрофонот под практичен агол. Прикачувањето е можно во секоја ориентација, почнувајќи од хоризонтална за на вратоврска или ревер, па сè до вертикална за на џеб. 

Слика што прикажува дека ECM-LV1 не се забележува кога е закачен на облека.
Едноставен и дискретен дизајн

Со должина од само 32 мм и дијаметар од 11 мм, црниот ECM-LV1 има едноставна форма и е многу пренослив. Дизајниран е да биде незабележителен кога е прикачен на облека, за да биде практичен за различни ситуации.

Слика од производот ECM-LV1, со прикачена заштита од ветер што се испорачува со него.
Заштита од ветер за минимален шум кога снимате надвор

ECM-LV1 се испорачува со заштита од ветер дизајнирана да го намали влијанието од шумот предизвикан од ветер и дишењето на говорникот. Како резултат се добива јасен и стабилен звук дури и кога снимате надвор на ветровито време.

Слика од приклучокот на ECM-LV1
Снимање без батерија

Ако го користите ECM-LV1 со опрема што може да напојува додатоци, тогаш тој ќе се напојува преку приклучокот за микрофон, овозможувајќи ви да го користите без батерија.

Спецификации и функции

ECM-LV1 е повеќенаменски микрофон со штипка што може да се поврзе со различни уреди и да се користи во различни ситуации. Благодарение на компактниот и дискретен дизајн, може да го поставите блиску до устата на говорникот за да снимите висококвалитетен звук.
  • Снимање висококвалитетен стерео звук од повеќе насоки

  • Влез за надворешен микрофон наменет за компјутери, диктафони и други уреди

  • Компактен и дискретен, со штипка што ротира за 360 степени за флексибилна употреба

  • Опремен со заштита од ветер заради намалување на шумот предизвикан од ветер при снимање на отворен простор

  • Дизајн без батерија, со компатибилност за напојување преку приклучок

Дознајте повеќе за функциите за заштеда на енергија и нашата посветеност кон животната средина за поодржлива иднина Посетете го нашиот еко веб-сајт