Микрофон со штипка, професионален квалитет и можност за напојување преку приклучокот за сигнал

Микрофонот со штипка ECM-L1 е дизајниран да ги задоволи потребите за сигурност и квалитет за професионална употреба, користејќи ја докажаната аудиотехнологија на Sony. Мини приклучокот од 3,5 мм поддржува и напојување на микрофонот заради широка компатибилност, а капсулата е направена за снимање јасни гласови.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Врвен квалитет на звук за јасно снимање со висока резолуција
Висококвалитетен звук од технологијата за капсули на серијата ECM-77 која е водечка во индустријата

Капсулата на ECM-L1 е дизајнирана според серијата ECM-77, во која професионалците за звук имаат доверба и многу ја користат, како и другите професионални аудиопроизводи од Sony. Со педигре за најкористен микрофон за професионални емитувања и во студија и на терен, ECM-L1 е дизајниран да им обезбеди професионални резултати на различни видови креатори на содржини.

Технологија која поддржува јасен и висококвалитетен звук
Цртеж од керамичката електрода во вид на плоча во капсулата на микрофонот
Керамичка задна плоча за висококвалитетен звук 

Големата цврстина и одличните својства за придушување на керамичката задна плоча овозможуваат врвни акустички својства, како и голема електрична стабилност за снимање со мал шум во различни услови.

Цртеж од надворешната површина на капсулата на микрофонот, направена од машински обработен месинг
Надворешно куќиште од машински обработен месинг за јасен и остар звук 

Капсулата на микрофонот е затворена во куќиште од машински обработен месинг за да ги намали несаканите надворешни резонанции и да создаде јасен и остар звук.

Цртеж од кабел направен од бакар без кислород (OFC) со голема чистота
OFC-кабел за помали загуби при преносот

OFC-кабелот (бакар без кислород) со голема чистота ги намалува загубите при преносот и го заштитува висококвалитетниот звук на снимените содржини.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Микрофони со штипка кои се идеални за снимање гласови

Микрофоните со штипка може да се позиционираат поблиску до устата на говорникот, за извонредно снимање на звукот и подобра резолуција на звукот во однос на микрофоните кои се вградени во фотоапаратите, како и други уреди ставени на поголема далечина.

Голема сигурност за доверба при снимањето
Слика од маж кој држи камера и снима друг маж со микрофон ECM-L1, во надворешна средина
Цврсто надворешно куќиште

Капсулата на микрофонот е затворена со многу цврсто надворешно куќиште од месинг, кое е отпорно на деформации и го заштитува микрофонот од оштетување дури и при лоши теренски услови.

Издржлив и сигурен кабел со прстен за заклучување

Заштитениот кабел со 2 јадра го намалува надворешниот шум, а неговиот дијаметар од 2,2 мм го прави отпорен на кинење. Прстенот за заклучување спречува случајно исклучување од опремата за снимање.

Слика од маж кој го држи микрофонот ECM-L1 во рака
Слика од маж во надворешна средина, микрофонот ECM-L1 со заштита од ветер со крзно е прикачен на крагната на неговото палто
Добијте избор од два вида заштити од ветер

Вклучените заштити од ветер - метална и со крзно - може да се користат наизменично според примената и опкружувањето. Металната заштита е визуелно подискретна, за ситуации кога микрофонот треба да биде незабележителен, а заштитата со крзно е поприспособена за намалување на шумот од ветерот и пречките од шумот на пукање.

Дискретен дизајн

Освен тоа што куќиштето е компактно, логото на штипката е гравирано наместо отпечатено, што резултира со дизајн кој е елегантен, а воедно и дискретен додека снимате. Идеален е и за снимање видео за деловни потреби.

Слика од жена и микрофонот ECM-L1 со метална заштита од ветер прикачен на крагната на нејзиниот костум
Повеќенаменски приклучок што поддржува напојување
Слика од маж во надворешна средина, кој го држи предавателот ECM-W3 поврзан со микрофон ECM-L1, кој има метална заштита од ветер и е прикачен на крагната на неговото палто
Приклучокот со можност за напојување нуди многу опции за поврзување

Благодарение на мини приклучокот од 3,5 мм со можност за напојување, ECM-L1 е дизајниран за широка примена, вклучувајќи директно поврзување со фотоапаратите α™ или предаватели за безжичен микрофон, за да ви овозможи јасно снимање на гласот на говорникот, користејќи уреди по ваша желба, со визуелно дискретна аудиоопрема.

Се поврзува и со многу други уреди, покрај фотоапарати

Поради тоа што може да се приклучи во влезен приклучок за микрофони кој овозможува општо напојување, овој уред може да се користи со различни уреди, како IC-снимачи и паметни телефони. Звук со повисок квалитет може да снимите ако ги доловувате гласовите поблиску до устата, користејќи го овој микрофон со високи перформанси, наместо вградениот микрофон на уредот.

Цртеж од големиот избор на опции за поврзување овозможени со моќната компатибилност на приклучокот на микрофонот ECM-L1, кои вклучуваат фотоапарат, IC-снимач, паметен телефон и безжичен микрофон
Поголем избор на микрофони
Слика од палетата со 14 микрофони од Sony
Проширување на палетата микрофони од Sony

Нашата голема палета на микрофони, во која спаѓа и ECM-L1, ви овозможува да го изберете совршениот модел за снимање звук со професионален квалитет, кој ќе одговара на секој стил, ситуација или примена.

Спецификации и функции

  • Повеќенасочен микрофон со штипка, електрет кондензатор и професионален квалитет

  • Надворешно куќиште од машински обработен месинг, кондензатор и керамичка задна плоча за јасни снимки

  • Капсулата е дизајнирана за снимање гласови со поголем фреквентен одзив и чувствителност

  • Мини приклучок од 3,5 мм со компатибилност за напојување од компјутери, диктафони и други уреди

  • Издржлив кабел со должина од 1,2 м (3,9 ft.) и дијаметар од 2,2 мм (3/32 in.)

Дознајте повеќе за функциите за заштеда на енергија и нашата посветеност кон животната средина за поодржлива иднина Посетете го нашиот еко веб-сајт