Микрофон со насочување
Квалитетот на звукот има важна улога во стандардите за гледање филмови
Гледачите ги оценуваат филмовите и по звукот и по сликата, затоа не ја занемарувајте важноста на звукот. Висококвалитетниот звук ви нуди јасни „гласови“, а динамичките звуци од животните и природата создаваат живописни импресии. Добриот баланс помеѓу сликите и звукот го изразува уживањето, изненадувањето и емотивното влијание на сцените.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Снимајте остар и прекрасен звук во секое време и на секое место
Без разлика дали снимате интервјуа, улични сцени или кратки содржини за социјалните медиуми, висококвалитетниот звук ќе внесе реалистичност во вашите дела. ECM-G1 се одликува со врвни перформанси за снимање звук што ќе ги задоволат вашите потреби за снимање видео, практичен приклучок за повеќе интерфејси (MI) и компактна големина.
ECM-G1 е одличен за снимање на фреквентните опсези на човечките гласови, па затоа снима звук со јасни и препознатливи гласови. Идеален за снимање видеоблогови за оценување производи и интервјуа.
[1] Вграден микрофон [2] PCM-D100 [3] ECM-G1
Поголема капсула за висококвалитетен звук
Создаден околу капсула со голем дијаметар (14,6 мм), ECM-G1 нуди висококвалитетен звук сличен на звукот од врвните снимачи за звук и снима јасни и остри звуци со ефикасно намалување на шумот.
ECM-G1 се испорачува со лесно отстранлива заштита од ветер која го намалува шумот предизвикан од ветер кога снимате надвор во ветровити услови.
Дизајнот на ECM-G1 спречува вибрации и помага во намалување на малите потреси и механичкиот шум предизвикани при фокусирање или зумирање. Кога е приклучен во приклучокот (MI), врската без кабли ја елиминира можноста од шум предизвикан од вибрации на каблите.
Снимајте звук пред фотоапаратот и намалете го амбиенталниот шум
Микрофонот ECM-G1 е од типот „super-cardioid“ и затоа е идеален за снимање видеоблогови и други видеозаписи каде што сакате да се фокусирате на звуци што се генерираат пред фотоапаратот, а притоа да го намалите амбиенталниот шум, ехото и одекнувањето на гласовите.
Компактен и дискретен дизајн
Одликувајќи се со должина помала од 50 мм (1,97 инчи) и тежина од 34 грама (1,4 oz), ECM-G1 е доволно пренослив за да го носите на сите локации за снимање. Паметниот дизајн ги елиминира каблите и не пречи во кадарот или при гледање низ визирот, дури и ако користите широкоаголни објективи - идеален е за снимање видеоблогови.
Не откачувајте го микрофонот за да биде подготвен за користење секогаш
Производот е лесен (34 грама / 1,2 унци) и неверојатно компактен (48,5 мм / 2 инчи). Тоа го прави флексибилен и пренослив при снимањето - до степен што нема потреба да го откачувате и прикачувате помеѓу снимањата. Задната страна на микрофонот нема да ве допира на челото кога гледате низ визирот, а поставувањето е лесно дури и ако користите механизми за стабилизација и држачи.
Со поврзување на микрофонот преку компатибилен приклучок MI не треба да се грижите за механичко пренесување на шум преку каблите или за кабли што ќе ви пречат додека снимате, со што добивате поголема подвижност при снимањето.
Кога ќе го приклучите ECM-G1 во приклучокот MI на компатибилните фотоапарати од Sony, тој ќе се напојува директно од фотоапаратот. На тој начин ќе можете да снимате долги сесии без да се грижите дека ќе се испразни батеријата на микрофонот.
Поврзете го ECM-G1 со вашиот Xperia® или друг паметен телефон за да снимате видеоблогови со висококвалитетен звук. Неговата компактна големина го прави идеален за употреба со паметни телефони.
Излезниот приклучок за микрофон е поставен странично на микрофонот. Може да се користи со фотоапарати, компјутери, IC-снимачи и други компатибилни уреди со сопствено напојување кои немаат приклучок MI. Се испорачува со кабел за снимање.