Микрофон со насочување
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Дигиталната обработка на сигнали со технологија за просторно филтрирање нуди супер-насочување што е идеално за интервјуа и автопортрети, каде снимањето на звукот е фокусирано во тесен опсег пред фотоапаратот.
Иако е долг 79,3 мм (3 1/8 инчи), ECM-B10 нуди врвно снимање звук со насочување. Неговата мала големина ви нуди доволно простор за широкоаголни објективи, користење на визирот и одличен звук дури и при снимање со механизми за стабилизација и држачи.
Супер-насочно, еднонасочно и повеќенасочно
Напредната дигитална обработка на сигнали овозможува избор од три шеми на насочување во еден повеќенаменски микрофон, за да можете да ја изберете зоната за снимање звук во зависност од потребите за снимање.
Изберете ја најсоодветната шема на снимање со лесно достапниот преклопник
Практичен преклопник со три положби на задната плоча на микрофонот овозможува брз избор помеѓу трите шеми на снимање, нудејќи ви флексибилност за адаптација кон потребите за снимањето.
Супер-насочната шема е идеална за интервјуа или автопортрети и снима звук од фокусирана зона пред микрофонот, а притоа ефикасно го стишува звукот надвор од оската и зад микрофонот.
Еднонасочната шема е совршена за разговори помеѓу повеќе луѓе бидејќи снима звук од широко поле пред микрофонот, а притоа го минимизира снимањето звук од задната страна.
Повеќенасочната шема снима звук подеднакво од сите насоки, што е корисно за снимање звуци од опкружувањето или гласот на операторот на фотоапаратот.
Ексклузивните алгоритми на Sony нудат намалување на шумот и насочување
ECM-B10 го претвора аналогниот звук во дигитален во самиот микрофон и врши дигитална обработка на сигнали со уникатните алгоритми на Sony, овозможувајќи снимање со три шеми на насочување и намалување на шумот. Вградената дигитална конверзија помага и во намалување на шумот во микрофонот.
Филтер за елиминирање шум со дигитална обработка на сигнали
Филтерот за елиминирање шум на ECM-B10 ефикасно го намалува надворешниот амбиентален шум со алгоритми за дигитална обработка на сигнали, со што нуди максимален квалитет на звук при снимањето и ја намалува потребата од сложена обработка по снимањето.
Нема деградација на звукот при преносот
Ако го користите со фотоапарат опремен со приклучок за повеќе интерфејси (MI) што поддржува интерфејс за дигитален звук, ECM-B10 го пренесува звукот директно како дигитален сигнал, создавајќи висококвалитетен звук без деградација.
Не се потребни кабли за поврзување со голем број фотоапарати од Sony опремени со приклучок за повеќе интерфејси, со што се намалуваат пречките, шумот и сложената обработка.
Микрофонот се напојува преку приклучокот за повеќе интерфејси кај компатибилните фотоапарати, па затоа не треба да се грижите за празнење на неговата батерија при снимањето.
Контролите за ниво на звук, шеми на снимање, филтри и други функции се лесно достапни на задната плоча и лесно видливи за брза проверка и прилагодување при снимањето.
ECM-B10 се испорачува со ефикасна заштита од ветер со крзно што лесно се отстранува и може да го намали шумот од ветерот при снимање на отворено.
ECM-B10 е дизајниран за ефикасно намалување на шум предизвикан од потреси и вибрации, а дизајнот без кабли ја елиминира можноста за појава на шум предизвикан од поместување на каблите.
Надополнувајќи ги фотоапаратите и објективите со слична отпорност на прав и влага, микрофонот е дизајниран за безгрижно снимање на отворено.