Слика од Безжичен радиоприемник
Слика од Безжичен радиоприемник
Слика од Безжичен радиоприемник
Слика од Безжичен радиоприемник
Слика од Безжичен радиоприемник
Слика од Безжичен радиоприемник

Функции

Поврзете безжичен управувач со радиосигнали и блицови на едноставен начин

Уживајте во сигурноста и флексибилноста на безжичното активирање на блицовите и фотоапаратот со радиосигнали, дури и во услови со силно осветлување или преку пречки, за полесно фотографирање во тешки услови и на пошироки површини (30 м). Безжичниот радиоприемник FA-WRR1 овозможува сигурно активирање кога се користи заедно со безжичниот управувач со радиосигнали FA-WRC1M.

Дознајте повеќе за безжичниот управувач со радиосигнали

Поврзување со безжичен управувач со радиосигнали без напор

Поврзувањето повеќе радиоприемници FA-WRR1 со безжичниот управувач со радиосигнали FA-WRC1M е брзо, за да трошите помалку време за поставување, а повеќе време за фотографирање. За активирање на режимот за впарување треба само да го задржите копчето за вклучување на приемникот неколку секунди, а потоа додадете ги сите приемници на управувачот со радиосигнали.

Одлични можности за безжично користење

Безжичниот управувач со радиосигнали FA-WRC1M и безжичниот радиоприемник FA-WRR1 имаат максимален опсег до 30 м (98,4 ft) за да ви овозможат флексибилно создавање на системи со повеќе безжични блицови што покриваат голема површина, како и позиционирање на блицот зад фотоапаратот на начин што не би бил можен ако се користи стандарден инфрацрвен систем.

Далечинско активирање на бленди кај повеќе фотоапарати

Користете повеќе фотоапарати за истовремено фотографирање на објекти од различни агли. Користете го кабелот за поврзување со повеќе приклучоци VMC-MM1 (се продава посебно) за да поврзете повеќе приемници со повеќе фотоапарати, а безжичниот управувач со радиосигнали FA-WRC1M за истовремено и далечинско активирање на бленди кај повеќе фотоапарати.

Управувач за контрола на надворешни блицови

Користете го со безжичниот управувач со радиосигнали FA-WRC1M за создавање системи со повеќе надворешни блицови.

Дознајте повеќе за безжичниот управувач со радиосигнали

Режими за флексибилно фотографирање со блиц

Направете комбинација од повеќе приемници (до 15 приемници, во најмногу 5 групи) за прецизни безжични преноси. Контролирајте повеќе блицови за покреативни опции за осветлување, со минимална опрема.

Компатибилни блицови

Безжичниот радиоприемник FA-WRR1 во моментот е компатибилен со блицовите HVL-F60M, HVL-F43M и HVL-F32M.

Погледнете компатибилни блицови

За функцијата за далечинско активирање

Користете го со каблите за поврзување со повеќе приклучоци VMC-MM1, за да можете да ја користите функцијата за далечинско активирање.

Дознајте повеќе за кабелот со повеќе приклучоци

Спецификации

  • Користете повеќе приемници одеднаш со безжичниот управувач со радиосигнали FA-WRC1M за безжична контрола на најмногу 15 блицови во 5 групи

  • Растојание на комуникација: Приближно 30 м (98,4 ft.)

  • Користете посебен кабел со повеќе приклучоци за да поврзете приемници со фотоапаратите, за активирање повеќе бленди со безжичниот управувач

  • Вграден терминал за синхронизација

  • Овој производ е дизајниран да се користи со блицови со приклучок за повеќе интерфејси. (освен HVL-F20M)

Дознајте повеќе за функциите за заштеда на енергија и нашата посветеност кон животната средина за поодржлива иднина Посетете го нашиот еко веб-сајт