Функции

Заштитете ги фотоапаратот и објективот од дожд и снег

Со оваа покривка за дожд може да ги заштитите фотоапаратот и објективот дури и ако фотографирате кога дува силен ветар со дожд или снег.

Се прикачува брзо, доколку времето се промени ненадејно

Ременот за прицврстување овозможува лесно прикачување и отстранување на покривката, за да може брзо да ја заштитите вашата опрема дури и при ненадејни промени на времето. Кога е прикачена покривката со големина S (LCR-ES), може да го извлечете ременот на фотоапаратот низ покривката за да фотографирате безбедно, дури и кога фотографирате рачно.

Покривката има практична вградена футрола за компактно складирање кога не се користи

Кога не ја користите покривката за дожд, може лесно да ја преклопите и да ја складирате во футролата која е прикачена на самата покривка.

Јасна видливост на визирот и мониторот за работа при фотографирањето

Со поставување на покривката околу визирот на компатибилен фотоапарат од Sony, може да го спречите навлегувањето на водата додека гледате директно низ визирот за да фотографирате. Исто така, провидниот прозорец ви овозможува да го гледате LCD-мониторот и контролите на задната и горната страна на фотоапаратот, за да може да гледате што се прикажува на мониторот и да ракувате директно со контролите за време на фотографирањето.

Материјалот кој дише го спречува насобирањето на влагата при долго фотографирање

За да овозможи удобно користење, покривката за дожд е направена од материјал „кој дише“, со пермеабилност на водена пареа од 20.000 г/м²/24 часа или повеќе, што спречува насобирање влага дури и при долги периоди на фотографирање.

Достапни во голема или мала величина, за да одговараат на вашиот објектив

Достапни се големините L (голема, LCR-EL) и S (мала, LCR-ES), а вие може да ја изберете таа која најмногу одговара на објективот кој го користите, како и на вашиот стил на фотографирање. Ременот за прицврстување ви овозможува лесно приспособување за различните дијаметри на објективите, а врвот може да го преклопите наназад за да одговара на должината на објективот.

Достапни се во црна и бела боја за да одговараат на ситуацијата за фотографирање

Покривките за дожд се достапни во црна и бела боја, за да може да ја изберете најсоодветната боја во секоја ситуација за фотографирање.

Спецификации

Покривка за дожд за безгрижно фотографирање, дури и во лоши временски услови
  • Се прикачува брзо, доколку времето се промени ненадејно

  • Визирот и LCD-мониторот се јасно видливи за работа при фотографирањето

  • Материјалот кој дише го спречува насобирањето на влагата при долго фотографирање

  • Достапни се во црна или бела боја за да одговараат на сцената, но и во различна големина за да одговараат на вашиот објектив

  • Покривката има вградена футрола за компактно складирање кога не се користи

Дознајте повеќе за функциите за заштеда на енергија и нашата посветеност кон животната средина за поодржлива иднина Посетете го нашиот еко веб-сајт