Функции
[Важна забелешка за користењето]
Адаптерот за напојување и кабелот не се вклучени. Ве молиме купете уред за напојување преку USB (USB PD) и USB Type-C®-кабел (USB-C® - USB-C) со поддршка за 100 W или повеќе.
Стабилно напојување за долго снимање и проследување
DC-C2 испорачува континуирана и сигурна струја до фотоапарати кои ги користат батериите NP-SA100, овозможувајќи подолго фотографирање и снимање.
Адаптивен на различни начини на користење
Напојувањето преку DC-плоча, вметната во отворот за батериите, го ослободува USB Type-C-приклучокот на фотоапаратот. Испорачаниот ремен за прицврстување може да се протне низ отворот на уредот за напојување, заради сигурно прикачување.
За безбедно и сигурно функционирање
За да спречите ненамерно исклучување на USB-кабелот, отворот за завртка овозможува сигурно заклучување на USB Type-C-каблите кои имаат приклучоци со отвор за завртка, а вклучена е и јамка за закачување наменета за USB-каблите кои немаат приклучоци со отвор за завртка. [A] отвор за завртка [B] јамка за закачување
Индикатор за статусот на уредот за напојување
Светилката на индикаторот за напојување на уредот за напојување се вклучува кога фотоапаратот ќе почне да се напојува преку DC-C2. Таа ќе трепка ако уредот за напојување или USB-кабелот не можат да испорачаат повеќе од 100 W.
Кабел со приспособлива должина за различни потреби
DC-кабелот од 1,6 м (5,2 ft) со плочест приклучок овозможува флексибилно поставување. Може да користите стега за врзување за да му ја прилагодите должината, во зависност од потребата.