Функции

Слика од корисник кој проследува со фотоапарат ZV-E10 II кој се напојува преку DC-C1.

DC-спојка за напојување преку USB (PD) која може да напојува фотоапарати долги периоди

DC-C1 испорачува континуирана и сигурна струја до фотоапарати компатибилни со батериите NP-FZ100 или NP-FW50, овозможувајќи подолго фотографирање и снимање. Потребни се USB PD-уред за напојување (65 W или повеќе) и USB-кабел со поддршка за USB PD (5 A) (се продаваат посебно).

[Лево] Слика на која е прикажан плочестиот приклучок за NP-FW50 кој е вметнат во отворот за батерија на фотоапаратот ZV-E10. [Десно] Слики од производот на кои се прикажани: A: адаптер со плочест приклучок за NP-FZ100; B: плочест приклучок за NP-FW50 со кабел.

Напојувајте фотоапарати кои ги користат батериите NP-FZ100 или NP-FW50

DC-C1 ја испорачува струјата до фотоапаратите, кои ги користат батериите NP-FZ100 или NP-FW50, со вметнување на плочестиот приклучок во отворот за батерија на фотоапаратот. [A]: адаптер со плочест приклучок за NP-FZ100; [B]: плочест приклучок за NP-FW50.

Слики од производот на кои се прикажани: [A]: Кабел кој е приклучен во куќиштето на DC-C1 и прицврстен со USB-приклучок со завртка за заклучување; [B]: Кабел намотан во јамка за закачување за да се намали можноста за ненамерно исклучување од USB-приклучокот на DC-C1.

USB-кабелот со опција за заклучување спречува прекинување на врската

За да спречите ненамерно исклучување на кабелот, [A] USB-приклучокот со завртка за заклучување може да го прицврстите во отворот за завртка за заклучување кај DC-C1, или [B] може да направите јамка за закачување со која ќе го прицврстите кабелот во отворот за USB-приклучок.

Слика од производот DC-C1 поврзан со USB-уред за напојување кој е приклучен во струјна приклучница, а плочестиот приклучок е вметнат во фотоапаратот.

Кабел со приспособлива должина за различни потреби

Плочестиот приклучок и системот за напојување на DC-C1 се поврзани со кабел од 1,6 м, кој овозможува флексибилно поставување за време на снимањето. Должината на кабелот се приспособува преку намотување со помош на ременот на кабелот, за да ги задоволи потребите во различни ситуации за снимање.

Слика од производот, приказ на светилката на индикаторот за напојување (задна страна) и USB-приклучокот со завртка за заклучување (предна страна) на главното куќиште на DC-C1.

Светилката на индикаторот за напојување го покажува статусот за напојување

Светилката на системот за напојување се вклучува кога ќе почне да се испорачува струја до фотоапаратот преку DC-C1. Светилката ќе почне да трепка ако приклучите USB PD-уред за напојување кој не може да испорача излезна моќност поголема од 65 W или USB-кабел со поддршка за USB PD кој не може да испорача струја од 5 A.

Слика од снимање на отворено со фотоапарат кој се напојува преку DC-C1.

Компактно и лесно куќиште за снимање на отворено

Производот DC-C1 е помал и полесен од AC-PW20, и покрај тоа што нуди дополнителна функција за заклучување на USB-кабелот која спречува ненамерно прекинување на врската, па затоа е практичен за снимање на отворено.

Информации за компатибилност

 

Оди на страницата за поддршка

Спецификации

  • Димензии (Ш × В × Д): прибл. 52,0 мм x 70,6 мм x 32,0 мм (2 1/8 инчи x 2 7/8 инчи x 1 5/16 инчи)

  • Тежина: 184 гр. (7,0 oz)

Дознајте повеќе за функциите за заштеда на енергија и нашата посветеност кон животната средина за поодржлива иднина Посетете го нашиот еко веб-сајт