Функции
[Важна забелешка за полнењето]
Батериите NP-SA100, адаптерот за напојување и кабелот не се вклучени. Потребни се USB PD-уред за напојување (напојување преку USB) и USB Type-C®-кабел (USB-C® - USB-C), и двата со поддршка за 45 W или повеќе.
Полнач за батериите NP-SA100 кој поддржува напојување преку USB (PD)
Може брзо да наполни две батерии со голем капацитет NP-SA100 во исто време, кога е поврзан со USB PD-уред за напојување.
Брзо полнење од 115 минути на две батерии
Две батерии NP-SA100 може во исто време да се наполнат целосно, за приближно 115 минути, или една батерија да се наполни 80% за само 55 минути, кога сте во брзање.
Индикатори за статусот на полнењето и исправноста
LED-индикаторите го прикажуваат статусот на полнење за секоја батерија посебно, во четири чекори. Копчето за исправност на батеријата ја прикажува состојбата на батеријата во три чекори со LED-индикатор.
Компактен и пренослив, за тесни простории
Рамен и нископрофилен дизајн со димензии од само 84,5 x 36,0 x 67,0 мм (3 3/8 x 1 7/16 x 2 3/4 инчи) и тежина од 130 г (4,6 oz).
Безбедно ракување
Специјално дизајниран за батериите NP-SA100 од Sony, со вградени опции за голема дисипација на топлина, следење на топлината и контрола.