Слушалки за во уво со балансирана арматура H1
Создадени врз основа на строгите критериуми на музичарите, XBA-H1 репродуцираат кристални вокали и длабок и задоволителен бас, благодарение на нивниот систем со иновативни хибридни звучници.
Впарувањето на динамичните звучници и звучниците со балансирана арматура е направено за да се максимизира богатиот бас, рамномерните средни тонови и чистите високи тонови, за добивање на вистинска тонска веродостојност.
Удобните ушни влошки од пенест силикон се испорачуваат во три големини, за да ви овозможат припиено вметнување без лизгање, како и минимизиран амбиентален шум.
Уживајте во звук кој е создаден да ве воодушеви
Слушалките XBA-H1 ја користат моќната комбинација од динамичен звучник од 9мм и звучник со балансирана арматура за да создадат неверојатна тонска јасност низ целиот опсег на звучни фреквенции.
Освен извонредните аудио перформанси, слушалките за во уво XBA-H1 се дизајнирани со неколку клучни карактеристики за удобност и прилагодување, вклучувајќи и куќиште кое ги намалува вибрациите и кабли кои не се заплеткуваат.
Спецификации и функции
- Звучник
- Хибридни 2-системски
- Фреквентен одзив
- 5–25.000Hz
- Должина на кабел
- 1,2 м
Што има во пакетот
Хибридни силиконски гумени ушни влошки (големини SS x2, S x2, M x2, L x2), Ушни влошки од пенест силикон (големини SS x2, S x2, M x2, L x2), Торба за носење, Слајд, Прилагодувач на кабел