WI-SP600N

Омилените песни за вежбање. Без пречки. 

Вежбајте и спортувајте понапорно со безжичните спортски слушалки WI-SP600N. Се одликуваат со дигитално поништување на шум, режим за амбиентален звук и лесен безжичен дизајн, за да уживате во музиката на ваш начин без пречки.

СЛУШАЛКИ

Безжични спортски слушалки за во уво | WI-SP600

WI-SP600N

Слика од Безжични спортски слушалки за во уво | WI-SP600

pinkyellowwhiteblack

Дизајнирани за безжично движење 

Вежбајте без кабли што пречат. Лесниот дизајн на овие безжични спортски слушалки овозможува удобно, сигурно и дискретно носење без разлика дали вежбате или шетате

  • Црна
  • Жолта
  • Розова
  • Бела
Лого за Bluetooth®

Поврзување преку BLUETOOTH®   

Уживајте во безжична репродукција преку Bluetooth®.

NFC лого

Слушање со еден допир со NFC  

Допрете ги уредите што поддржуваат NFC до ознаката N на куќиштето за брзо поврзување. 

Само вие и вашата музика благодарение на дигиталното поништување на шум 

Кога ви е потребна специјалната листа за репродукција за да вежбате понапорно, технологијата за дигитално поништување на шум ги блокира пречките како што се звуците во салата. На тој начин ја слушате само музиката. 

Бидете свесни за опкружувањето со режим за амбиентален звук

Со режимот за амбиентален звук ќе бидете свесни за опкружувањето додека сте во движење. Спојте ја музиката што ја сакате со звуците од вашето опкружување за да уживате во омилените песни и да го слушате партнерот за вежбање или да ги слушате звуците од опкружувањето додека трчате.  

Амбиентален звук (нормален)

Амбиентален звук (глас)

Бидете подготвени за вежбање 

Слушалките WI-SP600N се удобни, сигурни, отпорни на пот и подготвени за користење во секоја прилика. 

Ознака IPX4 за отпорност на прскање и пот

Да за музиката, не за потењето 

Со рејтинг IPX4, капките вода и потта нема да ја попречат работата на слушалките, ниту вашето вежбање.  

Ушни влошки со сигурно вметнување

Вие се движите, но не и вашите слушалки  

Овие ушни влошки се темелно тестирани при вистинско вежбање и се испорачуваат во четири големини за сигурно вметнување што се прилагодува кон вашите уши. Освен тоа, заоблениот прицврстувач овозможува удобно носење без изместување.

Едно копче за промена на поставките

Совршени поставки со две допирања на копче 

Изберете ги омилените поставки за поништување на шумот и режимот за амбиентален звук преку поставките за брзо прилагодување на звукот во апликацијата Sony | Headphones Connect. Активирајте ги веднаш со две допирања на копчето на слушалките. 

Посилен бас со EXTRA BASS™

Подобрете ги ритамите и вашиот настап. EXTRA BASS™ нуди моќен звук со ниски фреквенции што ќе ве инспирира да се забавувате.

Лого за EXTRA BASS

Уживајте во безжична слобода 

Одговарајте и воспоставувајте повици и зборувајте со гласовни помошници без да ја прекинувате вашата работа. 

Копче за повици без користење на рацете

Едно копче, без користење на рацете

Со опцијата за повици без користење на раце, може да го оставите телефонот таму каде што е и да одговарате на повици со допир на едно копче, преку вградениот микрофон. 

Слушалките стануваат попаметни со Google Assistant

Слушалките WI-SP600N ќе се оптимизираат за Google Assistant преку ажурирање. Поставувајте прашања. Кажете му да направи нешто. Тоа е ваш сопствен помошник од Google кој секогаш е подготвен да ви помогне.

Траење на батеријата до 6 часа

Траење на батеријата до 6 часа

Патувајте неколку пати до салата за вежбање без потреба од дополнување, благодарение на репродукцијата до 6 часа со едно полнење.

Спецификации и функции
Уживајте во омилените песни за вежбање без пречки. Безжичните слушалки за во уво WI-SP600N имаат режим за амбиентален звук што ја спојува вашата музика со звуците од вашето опкружување, како и технологија за поништување на шум што ги блокира пречките. Се одликуваат со лесен дизајн и заоблен прицврстувач што ги држи ушните влошки на место.
  • Дигиталното поништување на шум ви овозможува да го слушате тоа што го сакате

  • Со режимот за амбиентален звук ќе ги слушате неопходните звуци од опкружувањето

  • Безжична слобода со технологијата Bluetooth® и NFC

  • Лесен дизајн за носење зад вратот со сигурно вметнување

  • EXTRA BASS™ звук со длабоки и ниски тонови

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина