Големина и тежина

Тежина
Прибл. 21 гр. (без заоблен прицврстувач)

Општи карактеристики

Вид на слушалки
Затворени динамички
Звучник
6 мм (тип на купола)
Магнет 
Неодимиум
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®)
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
Чувствителности (dB/mW)
-
Начин на носење
zad-vratot
NFC
Да
DSEE HX
Не
S-Master HX
Не
Пасивно функционирање
Не

Батерија

Време на полнење на батеријата
Прибл. 1,5 часа
Метод за полнење на батеријата
USB
Траење на батеријата(континуирано време за репродукција на музика)
Макс. 6 часа (исклучено NC)
Траење на батеријата(време на мирување)
Макс. 200 часа (исклучено NC), макс. 10 часа (вклучено NC)

Bluetooth® спецификации

Верзија на Bluetooth®
Верзија 4.1
Ефективен опсег
Прибл. опсег на видливост 30ft (10м)
Фреквентен опсег
2,4GHz фреквентен појас
Профил
A2DP, AVRCP, HFP, HSP
Поддржан(и) аудио формат(и)
SBC, AAC
Поддршка за заштита на содржини
SCMS-T

Поништување на шумот

Преклопник ON/OFF (вклучување/исклучување) за поништување на шумот
Да
Автоматско AI поништување на шум
Не
Личен оптимизатор за поништување на шум
Не
Оптимизирање на атмосферскиот притисок
Не
Режим за амбиентален звук
Да
Брзо внимание
Не

Опции на бои

pinkyellowwhiteblack

Што има во пакетот

  • Заоблен прицврстувач (M/L)
  • Долги хибридни ушни влошки (SS/S/M/L)
  • Микро USB кабел
Placeholder

Функции

Слика од Спортски и безжични слушалки за во уво WI-SP600N со поништување на шум

Дизајнирани за безжично движење 

Вежбајте без кабли што пречат. Лесниот дизајн на овие безжични спортски слушалки овозможува удобно, сигурно и дискретно носење без разлика дали вежбате или шетате

Слика од Спортски и безжични слушалки за во уво WI-SP600N со поништување на шум

Поврзување преку NFC™ и BLUETOOTH®

Проследувајте без напор преку Bluetooth® и NFC за слушање со еден допир. Благодарение на технологијата NFC (поле за комуникации во близина), сложените поставувања се дел од минатото. Со уредите кои поддржуваат NFC допрете ја ознаката N на куќиштето за брзо и лесно поврзување, а потоа започнете со проследување содржини преку Bluetooth®. Немате NFC? Нема проблем. Ќе можете рачно да се поврзете преку Bluetooth® во менито со поставки на вашиот уред.

Слика од Спортски и безжични слушалки за во уво WI-SP600N со поништување на шум

Само вие и вашата музика благодарение на дигиталното поништување на шум 

Кога ви е потребна специјалната листа за репродукција за да вежбате понапорно, технологијата за дигитално поништување на шум ги блокира пречките како што се звуците во салата. На тој начин ја слушате само музиката. 

Бидете свесни за опкружувањето со режимот за амбиентален звук 

Со режимот за амбиентален звук ќе бидете свесни за опкружувањето додека сте во движење. Спојте ја музиката што ја сакате со звуците од вашето опкружување за да уживате во омилените песни и да го слушате партнерот за вежбање или да ги слушате звуците од опкружувањето додека трчате.

Слика од Спортски и безжични слушалки за во уво WI-SP600N со поништување на шум

Отпорни на пот и прскање  

Да за музиката, не за потењето. Слушалките со рејтинг IPX4 се отпорни на пот или капки дожд додека вежбате. 

Слика од Спортски и безжични слушалки за во уво WI-SP600N со поништување на шум

Сигурно и удобно вметнување   

Овие ушни влошки се темелно тестирани при вистинско вежбање и се испорачуваат во четири големини за сигурно вметнување што се прилагодува кон вашите уши. Освен тоа, заоблениот прицврстувач овозможува удобно носење без изместување.

Слика од Спортски и безжични слушалки за во уво WI-SP600N со поништување на шум

Совршени поставки со апликацијата Headphones Connect за Android 

Изберете ги омилените поставки за поништување на шумот и режимот за амбиентален звук преку поставките за брзо прилагодување на звукот во апликацијата Sony | Headphones Connect за Android. Активирајте ги веднаш со две допирања на копчето на слушалките. 

Преземете сега

Слика од Спортски и безжични слушалки за во уво WI-SP600N со поништување на шум

Совршени поставки со апликацијата Headphones Connect за iOS 

Изберете ги омилените поставки за поништување на шумот и режимот за амбиентален звук преку поставките за брзо прилагодување на звукот во апликацијата Sony | Headphones Connect за iOS. Активирајте ги веднаш со две допирања на копчето на слушалките. 

Преземете сега

Слика од Спортски и безжични слушалки за во уво WI-SP600N со поништување на шум

Посилен бас со EXTRA BASS™ 

Подобрете ги ритамите и вашиот настап. Изберете EXTRA BASS™ за моќен звук со ниски фреквенции за да добиете инспирација што ќе ве мотивира да продолжите да се забавувате. 

Слика од Спортски и безжични слушалки за во уво WI-SP600N со поништување на шум

Едно копче, без користење на рацете  

Со опцијата за повици без користење на раце, може да го оставите телефонот таму каде што е и да одговарате на повици со допир на едно копче, преку вградениот микрофон. 

Слика од Спортски и безжични слушалки за во уво WI-SP600N со поништување на шум

Бидете попаметни со гласовниот помошник

Управувајте со дневните обврски разговарајќи со помошникот . Забавувајте се, поврзете се со пријателите, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе.

Слика од Спортски и безжични слушалки за во уво WI-SP600N со поништување на шум

Траење на батеријата до 6 часа 

Патувајте неколку пати до салата за вежбање без потреба од дополнување, благодарение на репродукцијата до 6 часа со едно полнење.