Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- Тежина
- 30 гр.
Општи карактеристики
- Вид на слушалки
- Динамика
- Звучник
- 12 мм
- Магнет
- Неодимиум
- Контрола на јачина на звук
- Да
- Начин на носење
- Со лента за на врат
- Отпорност на вода
- IPX5
Батерија
- Време на полнење на батеријата
- Прибл. 3 часа (целосно полнење)
- Метод за полнење на батеријата
- USB од тип C
- Траење на батеријата(континуирано време за репродукција на музика)
- Макс. 15 часа (целосно полнење)
- ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА(ВРЕМЕ НА КОНТИНУИРАНА КОМУНИКАЦИЈА)
- Макс. 15 часа (целосно полнење)
- Траење на батеријата(време на мирување)
- Макс. 200 часа (целосно полнење)
Bluetooth® спецификации
- Верзија на Bluetooth®
- Верзија 5.0
- Ефективен опсег
- Прибл. по видлива линија 10м
- Фреквентен опсег
- 2.4 GHz појас (2.4000GHz-2.4835GHz)
- Профил
- A2DP, AVRCP, HFP, HSP
- Поддржан(и) аудио формат(и)
- SBC, AAC
Опции на бои
Што има во пакетот
- USB-кабел: USB type-C (прибл. 20 см)

Функции
Добијте енергија при вежбањето
Благодарение на издржливата батерија, ознаката IPX5 за отпорност на вода и целодневната удобност при слушање, спортските слушалки за во уво WI-SP510 ќе ви бидат совршен партнер за вежбање.
Дизајнирани за активен животен стил
Вежбајте со WI-SP510 дури и при обилен дожд. Со ознака IPX5 за отпорност на вода, капките вода и потта нема да ја попречат работата на слушалките - може дури и да ги измиете по напорното вежбање.
Долгo траење на батеријата
WI-SP510 ќе ве поддржуваат во секој истрчан километар и секоја завршена серија на вежби со репродукцијата до 15 часа од едно полнење.
Безжична технологија BLUETOOTH®
Проследувајте ги вашите омилени песни од паметен телефон поврзан преку безжичната технологија BLUETOOTH®.
Сигурно и удобно вметнување
Заоблениот прицврстувач со меко перниче и тродимензионалниот заоблен дизајн овозможуваат сигурно и удобно вметнување.
Максимални перформанси со EXTRA BASS™
Подобрете ги ритмите и вашиот настап. EXTRA BASS нуди моќен звук со ниски фреквенции што ќе ве инспирира да продолжите да се забавувате.
Практично и удобно користење преку целиот ден
Меката, флексибилна и лесна лента за на врат е обликувана за удобно носење преку целиот ден. Ушните влошки имаат вграден магнет што спречува заплеткување на каблите при носење и складирање, за да се избегне нередот кога не слушате музика.
Едноставно ракување со копчињата
Копчињата на слушалките WI-SP510 не само што ви овозможуваат да репродуцирате, запирате или прескокнувате песни и да ја менувате јачината на звукот, туку нудат и лесен начин за пристап до гласовниот помошник на вашиот паметен телефон и за воспоставување и одговарање на повици без користење на рацете.
Компатибилност со гласовен помошник
Со притиснување на едно копче може да се поврзете со гласовниот помошник на вашиот паметен телефон за да добиете насоки, да репродуцирате музика и да комуницирате со контактите.
Едноставни разговори без користење на рацете
Разговарајте слободно со лесното воспоставување повици без користење на рацете, благодарение на вградениот микрофон. Не е потребно ни да го извадите телефонот од вашиот џеб.