ЗА ВО УВО

Безжични слушалки за во уво WI-SP510 за спорт

WI-SP510
Слика од Безжични слушалки за во уво WI-SP510 за спорт

whiteblack

WI-SP510 во црна боја
Детали за слушалките WI-SP510
WI-SP510 со вграден магнет што спречува заплеткување при носење.
Копчиња за едноставно ракување
WI-SP510 во бела боја
Добијте енергија при вежбањето

Благодарение на издржливата батерија, ознаката IPX5 за отпорност на вода и целодневната удобност при слушање, спортските слушалки за во уво WI-SP510 ќе ви бидат совршен партнер за вежбање.


Достапноста на боите може да се разликува во зависност од регионот.

Дизајнирани за активен животен стил

Вежбајте со WI-SP510 дури и при обилен дожд. Со ознака IPX5 за отпорност на вода, капките вода и потта нема да ја попречат работата на слушалките - може дури и да ги измиете по напорното вежбање.

Достапноста на боите може да се разликува во зависност од регионот.

Икона за IPX5
Водоотпорен

Слушалките WI-SP510 се отпорни на прскање, пот и можат да се мијат, па затоа се идеални за активен животен стил.

Икона за 15 часа
Долгo траење на батеријата

WI-SP510 ќе ве поддржуваат во секој истрчан километар и секоја завршена серија на вежби со репродукцијата до 15 часа од едно полнење.

Слика на која е прикажано сигурно вметнување
Сигурно поставување

Заоблениот прицврстувач со меко перниче и тродимензионалниот заоблен дизајн овозможуваат сигурно и удобно вметнување.

Максимални перформанси со EXTRA BASS™  

Подобрете ги ритмите и вашиот настап. EXTRA BASS нуди моќен звук со ниски фреквенции што ќе ве инспирира да продолжите да се забавувате.


Достапноста на боите може да се разликува во зависност од регионот.

Практично и удобно користење преку целиот ден

Меката, флексибилна и лесна лента за на врат е обликувана за удобно носење преку целиот ден. Ушните влошки имаат вграден магнет што спречува заплеткување на каблите при носење и складирање, за да се избегне нередот кога не слушате музика.

Едноставно ракување со копчињата

Копчињата на WI-SP510 ви овозможуваат да репродуцирате, запирате или прескокнувате песни, да ја менувате јачината на звукот и нудат лесен начин за пристап до гласовниот помошник на вашиот телефон и за воспоставување повици без користење на рацете. 

Икона за гласовен помошник
Компатибилност со гласовен помошник

Со притиснување на едно копче може да се поврзете со гласовниот помошник за да добиете насоки, да слушате музика и да комуницирате со контактите.

Икона за повици без користење на рацете
Едноставни разговори без користење на рацете

Разговарајте слободно со лесното воспоставување повици без користење на рацете, благодарение на вградениот микрофон. Не е потребно ни да го извадите телефонот од вашиот џеб.

Достапноста на боите може да се разликува во зависност од регионот.

Спецификации и функции

Нудејќи комбинација од батерија што трае долго, целодневна удобност и ознака IPX5 за отпорност на вода, спортските слушалки за во уво WI-SP510 ќе ве мотивираат секогаш кога вежбате.
  • Безжична технологија BLUETOOTH®

  • Ознака IPX5 за отпорност на вода и можност за миење

  • Долго траење на батеријата до 15 часа

  • EXTRA BASS™ за длабок и моќен звук

  • Лесно воспоставување повици без користење на рацете и гласовен помошник

ЗВУЧНИК
12 мм
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина