Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- Тежина
- Прибл. 18 гр.
Општи карактеристики
- Вид на слушалки
- Отворен дизајн
- Звучник
- 13,5мм (во вид на купола)
- Магнет
- Неодимиум
- Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®)
- 20 Hz - 20.000 Hz (фреквенција на семплирање од 44,1 kHz)
- Контрола на јачина на звук
- Да
- Начин на носење
- Слушалки за во уво
- Отпорност на вода
- IPX4
- NFC
- Да
- DSEE HX
- Не
- S-Master HX
- Не
- Пасивно функционирање
- Не
Батерија
- Време на полнење на батеријата
- Прибл. 2,0 часа
- Метод за полнење на батеријата
- USB
- Траење на батеријата(континуирано време за репродукција на музика)
- Макс. 8 часа
- Траење на батеријата(време на мирување)
- Макс. 200 часа
Bluetooth® спецификации
- Верзија на Bluetooth®
- верзија 4.2
- Ефективен опсег
- Прибл. опсег на видливост од 30 ft (10 м)
- Фреквентен опсег
- 2,4GHz фреквентен појас
- Профил
- A2DP, AVRCP, HFP, HSP
- Поддржан(и) аудио формат(и)
- SBC, AAC
- Поддршка за заштита на содржини
- SCMS-T
Опции на бои
Што има во пакетот
- Микро USB кабел
- Ушни влошки (S/M)
- Држач за носење

Функции
Дизајнирани за безжично движење
Вежбајте без кабли што пречат. Овие слушалки со копчиња на ушните влошки имаат едноставен и лесен дизајн за удобно, сигурно и дискретно носење без разлика дали вежбате или шетате.
Поврзување со NFC™ и BLUETOOTH®
Проследувајте без напор преку Bluetooth® и NFC за слушање со еден допир. Благодарение на технологијата NFC (поле за комуникации во близина), сложените поставувања се дел од минатото. Со уредите кои поддржуваат NFC допрете ја ознаката N на куќиштето за брзо и лесно поврзување, а потоа започнете со проследување содржини преку Bluetooth®. Немате NFC? Нема проблем. Ќе можете рачно да се поврзете преку Bluetooth® во менито со поставки на вашиот уред.
Слушајте ги звуците од опкружувањето со звучници од отворен вид
Звучниците од отворен вид ви овозможуваат да ги слушате амбиенталните звуци заедно со вашата музика, за да можете да слушнете што се случува околу вас. Одлични за вежбање и трчање на отворено каде што треба да внимавате.
Отпорни на пот и прскање
Да за музиката, не за потењето. Слушалките со рејтинг IPX4 се отпорни на пот или капки дожд додека вежбате.
Вие се движите, но не и вашите слушалки
Ушните влошки, што се дизајнирани за сигурно и удобно вметнување, имаат гумени испакнувања што се прилепуваат на ушите и не се поместуваат, дури и кога се потите.
Звучници од отворен вид за удобно слушање
Звучниците од отворен вид на WI-SP500 се прицврстуваат сигурно без да го исполнат целото уво, за удобно слушање на омилените песни за вежбање - без разлика што спортувате.
Едно копче, без користење на рацете
Со опцијата за повици без користење на раце, може да го оставите телефонот таму каде што е и да одговарате на повици со допир на едно копче, преку вградениот микрофон.
Разговарајте со гласовните помошници
Активирајте го гласовниот помошник на Android™ или iOS со долго притиснување на вашите слушалки. Добијте помош или информации без да го прекинете вежбањето.
Безбедно и сигурно
Заштитете ги вашите безжични слушалки кога не ги користите. Дискретен и компактен држач за носење за сигурно и лесно складирање на слушалките.
Траење на батеријата до 8 часа
Патувајте неколку пати до салата за вежбање без потреба од дополнување, благодарение на репродукцијата до 8 часа со едно полнење.