Големина и тежина

Тежина
Прибл. 34 гр. (главен уред прибл. 27 гр.)

Општи карактеристики

Вид на слушалки
Затворени динамички
Звучник
6 мм (тип на купола)
Магнет 
Неодимиум
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®)
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
Контрола на јачина на звук
Да
Начин на носење
zad-vratot
NFC
Да

Bluetooth® спецификации

Верзија на Bluetooth®
Version4.2
Ефективен опсег
Прибл. опсег на видливост 30ft (10м)
Фреквентен опсег
2.4 GHz појас (2.4000GHz-2.4835GHz)
Профил
A2DP, AVRCP, HFP, HSP
Поддржан(и) аудио формат(и)
SBC, AAC, aptX
Поддршка за заштита на содржини
SCMS-T

Поништување на шумот

Преклопник ON/OFF (вклучување/исклучување) за поништување на шумот
Да
Автоматско AI поништување на шум
Да
Режим за амбиентален звук
Да

Опции на бои

bluesilverblack

Што има во пакетот

  • USB кабел: Type-C™ (прибл. 20 см)
  • Ушни влошки: Долги хибридни силиконски гумени ушни влошки(SS/S/M/L)
Placeholder

Функции

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-C600N со поништување на шум

Дигитално поништување на шумот создадено за патување

Слушајте ја само вашата музика благодарение на поништувањето на шум со вештачка интелигенција со едно притиснување (AINC) кое се прилагодува кон вашето опкружување за да можете да го елиминирате несаканиот шум додека патувате. Едноставно притиснете го и задржете го копчето NC на слушалките WI-C600N за да го активирате.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-C600N со поништување на шум

Безжично проследување преку BLUETOOTH® со впарување преку NFC™ со еден допир

Благодарение на технологијата NFC™ (поле за комуникации во близина), сложените поставки се дел од минатото. Само допрете ја ознаката N на куќиштето со одредени уреди што поддржуваат NFC™ за да ги поврзете брзо и лесно, а потоа започнете со проследување содржини преку безжичната технологија Bluetooth®. Немате NFC™? Нема проблем. Ќе можете рачно да се поврзете преку менито со поставки на вашиот уред.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-C600N со поништување на шум

Режим за амбиентален звук со кој ќе ги слушате неопходните звуци од опкружувањето

Кога сте во движење, контролата на амбиенталниот звук детално го прилагодува вашето слушање според опкружувањето. Поставете ја на „Гласови“ за да ги слушате соопштенијата и разговорите, или, пак, на „Нормално“ за да го слушате сообраќајот и другите важни звуци од опкружувањето.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-C600N со поништување на шум

Еквалајзер за звукот што го претпочитате

Пронајдете ја совршената боја на звукот за сите видови песни во однапред поставените параметри или лесно прилагодувајте го звукот со апликацијата Sony | Headphones Connect. 

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-C600N со поништување на шум

Мали димензии, совршено јасен звук

Слушалките се мали благодарение на компактните звучници од 6 мм што нудат удобно вметнување и одличен звук.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-C600N со поништување на шум

DSEE врши обновување на деталите на вашата дигитална музика

Зголемете го квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Кога оригиналниот извор на музика е компримиран, се губат делови од високите фреквенции што ги збогатуваат вашите омилени песни и им додаваат детали. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува истите за да создаде висококвалитетен звук што повеќе наликува на оригиналната снимка.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-C600N со поништување на шум

Бидете попаметни со гласовниот помошник

Организирајте го денот разговарајќи со вашиот помошник. Забавувајте се, поврзете се со пријателите, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-C600N со поништување на шум

Разговори без користење на рацете

Разговарајте слободно со лесното воспоставување повици без користење на рацете. Оставете го телефонот и разговарајте со едно притиснување. 

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-C600N со поништување на шум

Батеријата трае до 6,5 часа со целосно полнење, а 1 час со брзо полнење

Слушајте ја вашата листа за репродукција додека патувате и уживајте во најмногу 6,5 часа непрекината музика. Освен тоа, брзото полнење ви овозможува репродукција до 60 мин. со полнење од 15 минути. 

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-C600N со поништување на шум

Силиконска лента за на врат за целодневно и едноставно носење

Продолжете удобно да слушате со дизајнот за носење зад вратот и изработката од удобен силикон кој лесно може да го сместите во вашата торба.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-C600N со поништување на шум

Магнетни ушни влошки за практично складирање

Кога ќе завршите со слушањето, магнетните ушни влошки ви овозможуваат да го избегнете заплеткувањето на каблите.