Безжични слушалки за во уво WI-C600N со поништување на шум
Уживајте додека патувате со безжични слушалки со поништување на шум што ќе ве задлабочат во вашата омилена музика.
Елиминирајте го несаканиот шум со поништувањето на шум со вештачка интелигенција (AINC) кое се приспособува кон вашето опкружување. За да го активирате треба да го притиснете и задржите копчето за NC на WI-C600N.
Заборавете на сложените поставки со Near Field Communication (NFC™). Допрете компатибилни уреди со NFC™ до ознаката N на куќиштето на WI-C600N за да ги поврзете брзо и непречено, а потоа проследувајте содржини преку безжичната технологија Bluetooth®. Немате NFC™? Нема проблем. Ќе можете рачно да се поврзете преку менито со поставки на вашиот уред.
Со апликацијата Sony | Headphones Connect може да ја изберете опцијата „Говор“ или „Нормален“ за режимот за амбиентален звук, во зависност од начинот на кој патувате.
Слушајте ги сите неопходни звуци од секојдневниот живот, како што е сообраќајот, а притоа слушајте ја вашата музика во заднина.
Слушајте ја вашата музика без пречки, но слушајте ги и важните известувања.
Користете ги вашите слушалки од Sony на позабавен и прилагоден начин со апликацијата Sony | Headphones Connect. Поврзете ги со вашиот паметниот телефон и секојдневната музика ќе стане уште позабавна.
Слушалките се мали благодарение на компактните звучници од 6 мм што нудат удобно вметнување и одличен звук.
Подобрете го квалитетот на компресираните музички датотеки и обновете ги високофреквентните елементи што се губат при компресирањето. Digital Sound Enhancement Engine (DSEE) ги обновува деталите во вашите омилени песни за да создаде висококвалитетен звук што повеќе наликува на оригиналната снимка.
Слушајте и уживајте во вашата музика додека патувате, без прекин до 6,5 часа. Покрај тоа, брзото полнење овозможува репродукција до 60 минути со полнење од 15 минути.
Продолжете удобно да слушате со дизајнот за носење зад вратот и изработката од удобен силикон што лесно може да го чувате во вашата торба.
Кога ќе завршите со слушањето, магнетните ушни влошки се спојуваат за да спречат заплеткување на кабелот.
Спецификации и функции
- Звучник
- 6 мм (тип на купола)
- Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®)
- 20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
- NFC
- Да
Што има во пакетот
USB кабел: Type-C™ (прибл. 20 см), Ушни влошки: Долги хибридни силиконски гумени ушни влошки(SS/S/M/L)