Безжични слушалки за во уво WI-C100
WI-C100 одново ја дефинираат основната класа на безжични слушалки за во уво. Тие нудат врвен квалитет на звук од Sony и богато доживување при слушањето, а батеријата што трае до 25 часа и отпорноста на прскање ви нудат безгрижно користење надвор. Компатибилни се и со апликацијата Sony | Headphones Connect за да го прилагодите звукот по ваша желба.
Уживајте во музика до 25 часа без прекини. Ако преостанува малку енергија во слушалките, со брзо полнење од 10 минути ќе добиете енергија за репродукција до 60 минути.
Кога оригиналниот извор на музика е компресиран, се губат делови од високите фреквенции што ги збогатуваат песните. Процесорот за подобрување дигитален звук (DSEE) верно ги обновува за да создаде висококвалитетен звук што повеќе наликува на оригиналната снимка.
Прилагодете го звукот по ваша желба. Изберете некој од однапред поставените параметри според жанрот на музиката што ја слушате, или направете и зачувајте свои однапред поставени параметри преку функцијата за еквалајзер на Sony | Headphones Connect.
Приспособувањето на звукот е намерно дизајнирано да биде одлично балансирано, од ниските па сè до високите фреквенции, а вокалите се природни и јасни. Затоа слушалките WI-C100 одговараат за сите музички жанрови.
Со ознака IPX4 за отпорност на вода, капките вода и потта нема да ја попречат работата на слушалките - продолжете да се движите по ритамот на музиката.
Слушалките WI-C100 се лесни и преносливи и имаат флексибилна лента за на врат што овозможува уште полесно носење во вашата торба кога сте во движење.
Слушалките WI-C100 висат на задната страна од вашиот врат заради стабилно вметнување во ушите, а куќиштето ги следи контурите на увото заради максимална удобност.
Слушалките WI-C100 се лесни за ракување и имаат копчиња за репродукција и пауза, прескокнување песни, прилагодување на јачината на звукот и одговарање на повици. Заради поголема практичност, копчињата се редизајнирани со понагласена форма за да бидат полесни за притискање.
Кажете им збогум на заплетканите кабли - со безжичната технологија Bluetooth® може да се поврзете безжично со вашиот уред и да уживате во стабилно и непрекинато слушање.
Разговарајте слободно со јасни повици без да ги користите рацете, благодарение на висококвалитетниот вграден микрофон. Нема да мора ни да го вадите мобилниот телефон од џеб.
Кликнете двапати на копчето на WI-C100 за да ги поврзете со гласовниот помошник на паметниот телефон и пронаоѓајте насоки, репродуцирајте музика, комуницирајте со контактите и повеќе.
Функцијата Fast Pair го олеснува впарувањето на слушалките со уреди со Android™. Со еден допир според прикажаните упатства, слушалките WI-C100 брзо и лесно се впаруваат со уреди со Android™ преку Bluetooth®. Може и да ги пронајдете слушалките со звучен сигнал или со проверка на нивната последна позната локација преку паметен телефон.
Функцијата Swift Pair овозможува брзо и лесно впарување на слушалките WI-C100 со вашиот компјутер со Windows 11 и Windows 10 преку Bluetooth®. Кога ќе го изберете режимот за впарување, на уредите со Windows 11 и Windows 10 во близина ќе се прикажат упатства за впарување.
Со сертифицираните слушалки за 360 Reality Audio и апликацијата Sony | Headphones Connect, оптимизирајте го слушањето преку анализа на формата на вашите уши, а потоа уживајте во врвно доживување.
Со BRAVIA XR и безжичниот предавател WLA-NS7
Уживајте во возбудливо доживување со Dolby Atmos® и 360 Spatial Sound што се приспособува кон вашите уши благодарение на BRAVIA XR и слушалките WI-C100 преку безжичниот предавател WLA-NS7.
Уживајте во звук што е оптимизиран за вас со Sony | 360 Spatial Sound Personalizer. Апликацијата го снима и анализира обликот на вашите уши, овозможувајќи им на слушалките WI-C100 да создадат уникатно звучно поле за вас кога ќе ги впарите со телевизорите BRAVIA XR.
Ако го приклучите безжичниот предавател WLA-NS7 од Sony во телевизор BRAVIA XR, тогаш слушалките WI-C100 ќе создадат фантомски звучници во идеален распоред околу вас за да уживате со Dolby Atmos. Уживајте во сцената и чувствувајте се како дел од случувањата.
Нашите производи имаат стилски дизајн и не се штетни за животната средина. Пластиката сочинува помалку од пет проценти од материјалот за пакување на еден пар слушалки WI-C100, што е доказ за посветеноста на Sony да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина.
ПОНУДИ И ПРОМОЦИИ
Спецификации и функции
- ЗВУЧНИК
- 9 мм
- ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ (КОМУНИКАЦИЈА ПРЕКУ BLUETOOTH®)
- 20 Hz - 20.000 Hz (фреквенција на семплирање од 44,1 kHz)
- NFC
- Не
- DSEE
- Да