Големина и тежина

Тежина
Прибл. 58 гр. (главен уред прибл. 44 гр.)

Општи карактеристики

Вид на слушалки
Затворени, хибридни
Звучник
Хибриден
Магнет 
Неодимиум
Импеданса (оми)
22 оми (1 kHz) (при поврзување преку кабелот за слушалки, кога уредот е вклучен), 24 оми (1 kHz) (при поврзување преку кабелот за слушалки, кога уредот е исклучен)
Фреквентен одзив
3 Hz-40.000 Hz
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®)
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz) / 20 Hz - 40.000 Hz (LDAC семплирање со 96 kHz, 990 kbps)
Чувствителности (dB/mW)
101 dB / mW (при поврзување преку кабелот за слушалки, кога уредот е вклучен), 97 dB / mW (при поврзување преку кабелот за слушалки, кога уредот е исклучен)
Контрола на јачина на звук
Да
Вид на жица
Едностран (отстранлив)
Должина на кабел
прибл. 1 м
Приклучник
Позлатен мини стерео приклучок во форма на L
Влез(ови)
Стерео мини
Начин на носење
Со лента за околу врат
NFC
Да
DSEE HX
Да
Пасивно функционирање
Да

Батерија

Време на полнење на батеријата
Прибл. 3,5 часа. Уредот може да се користи 80 минути по полнење од само 10 минути.
Метод за полнење на батеријата
USB
Траење на батеријата(континуирано време за репродукција на музика)
Макс. 10 часа (вклучено NC), макс. 10 часа (режим на амбиентален звук), макс. 13 часа (исклучено NC)
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА(ВРЕМЕ НА КОНТИНУИРАНА КОМУНИКАЦИЈА)
Макс. 10 часа (вклучено NC), макс. 10 часа (режим на амбиентален звук), макс. 13 часа (исклучено NC)
Траење на батеријата(време на мирување)
Макс. 10 часа (вклучено NC), макс. 10 часа (режим на амбиентален звук), макс. 100 часа (исклучено NC)

Bluetooth® спецификации

Верзија на Bluetooth®
Спецификација на Bluetooth® верзија 5.0
Ефективен опсег
Прибл. опсег на видливост 30ft (10м)
Фреквентен опсег
2.4 GHz појас (2.4000GHz-2.4835GHz)
Профил
A2DP, AVRCP, HFP, HSP
Поддржан(и) аудио формат(и)
SBC, AAC, LDAC
Поддршка за заштита на содржини
SCMS-T

Поништување на шумот

Преклопник ON/OFF (вклучување/исклучување) за поништување на шумот
Да
Режим за амбиентален звук
Да

Опции на бои

silverblack

Што има во пакетот

  • Торбичка за носење: 1
  • Адаптер за употреба во авион: 1
  • Кабел за поврзување: 1
  • USB кабел: 1
  • Ушни влошки: 1
Placeholder

Функции

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-1000XM2 со поништување на шум

Поништување на шум што е водечко во индустријата 

Технологијата за поништување на шум во слушалките WI-1000XM2 е нашата најнапредна технологија што досега е вградена во безжични слушалки со лента за на врат, благодарение на нашиот моќен процесор QN1 за HD-поништување на шум. Сето ова ќе ви помогне да потонете целосно во вашата музика.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-1000XM2 со поништување на шум

Подобро поништување на шумот со технологијата за два сензори за шум

Двата микрофони - по еден на предната и задната страна - на површината на слушалките доловуваат повеќе амбиентални звуци во вашето опкружување, независно дали е тоа звук од авион во лет, градски сообраќај или разговори во канцеларијата.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-1000XM2 со поништување на шум

Подобро поништување на шумот со процесорот QN1 за HD-поништување на шум

Штом наменскиот процесор QN1 за HD-поништување на шум открие амбиентален звук, тој веднаш се активира. Не само што поништува значително повеќе шум при сите фреквенции, туку и троши помалку енергија.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-1000XM2 со поништување на шум

Оптимизирање на атмосферскиот притисок

Нашето поништување на шум функционира при летање со авион благодарение на оптимизирањето на атмосферскиот притисок. Уживајте во забавни содржини додека летате со поништување на шум оптимизирано за голема надморска височина.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-1000XM2 со поништување на шум

HD-систем со хибридни звучници

Звукот се оптимизира низ целиот фреквентен опсег со HD-системот со хибридни звучници. Динамичкиот звучник од 9 мм е специјално дизајниран за WI-1000XM2 и нуди длабок бас и јасни средни тонови, а звучникот со балансирана арматура создава прецизни и природни високи тонови.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-1000XM2 со поништување на шум

Моќ каква што заслужува вашата музика

Повеќенаменскиот процесор QN1 за HD-поништување на шум нуди комбинација од дигитално поништување на шум, обработка на 32-битни аудио сигнали и дигитално-аналоген конвертор со засилувач за слушалки. Резултатот? Неверојатно јасен звук.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-1000XM2 со поништување на шум

Навистина реален звук со висока резолуција

Слушајте музика кој е верна на оригиналната снимка со звукот со висока резолуција. Наменет за секојдневно слушање, процесорот за подобрување на дигитален звук HX (DSEE HX™) ги подобрува компресираните дигитални музички датотеки до квалитет сличен на звукот со висока резолуција.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-1000XM2 со поништување на шум

Заоблен дизајн на слушалките за удобно и стабилно вметнување

Слушалките имаат заоблена форма и се поставуваат подлабоко и попрецизно во увото за да добиете стабилно и удобно вметнување. Тие нема да испаднат неочекувано дури и кога пешачите.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-1000XM2 со поништување на шум

Лесна и удобна силиконска лента за на врат

Слушајте удобно со часови благодарение на дизајнот со лесна лента за на врат изработена од флексибилен силикон што лесно може да се чува во торба или футрола.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-1000XM2 со поништување на шум

Време на слушање до 10 часа

Не грижете се за батеријата додека патувате. Музиката нема да запре благодарение на батеријата што трае до 10 часа.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-1000XM2 со поништување на шум

До 80 минути со брзо полнење

Ако преостанува малку енергија во слушалките, со брзо полнење од 10 минути ќе добиете енергија за репродукција до 80 минути.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-1000XM2 со поништување на шум

Приспособливата контрола на звукот се прилагодува кон тоа што го правите

Апликацијата Sony | Headphones Connect нуди приспособлива контрола на звукот - паметна функција што автоматски открива што правите - на пример, дали патувате, пешачите или чекате - па ги прилагодува поставките за амбиентален звук според ситуацијата. Исто така, може да ги прилагодите поставките по ваша желба.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-1000XM2 со поништување на шум

Имајте контрола врз содржините што ги слушате

Со апликацијата Sony | Headphones Connect, функцијата за контрола на амбиенталниот звук ви овозможува да ја прилагодувате јачината на звукот во заднина и ви нуди опција да слушате само гласови. Еквалајзерот, пак, ви овозможува да ги прилагодувате нивоата на звукот според вашата музика.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-1000XM2 со поништување на шум

Попаметно користење со вашиот омилен гласовен помошник

Организирајте го денот разговарајќи со вашиот омилен гласовен помошник. Забавувајте се, поврзете се со пријателите, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-1000XM2 со поништување на шум

Појасни повици без користење на рацете преку вградениот микрофон

Разговорите се појасни. Овие слушалки за повици без користење на рацете имаат вграден микрофон кај контролните копчиња за одговарање на повици или за разговарање со вашиот гласовен помошник.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-1000XM2 со поништување на шум

Сè е лесно достапно со интуитивните контроли

Прилагодувајте ги основните функции со допирање на практичните контроли за зголемување/намалување на јачината на звукот, репродукција/повик за музика и телефонски разговори, како и прилагодливо копче за вашата омилена функција.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-1000XM2 со поништување на шум

Магнетните ушни влошки спречуваат заплеткување на кабелот

Кога ќе завршите со слушањето, спојте ги магнетните ушни влошки за да ги складирате уредно без заплеткување на каблите.

Слика од Безжични слушалки за во уво WI-1000XM2 со поништување на шум

Бидете подготвени за патување со практична торбичка за носење

Овие слушалки се создадени за практично складирање додека патувате, со дизајн на преклопување и торбичка за носење од врвен материјал, кабли и адаптерот за приклучоци во авиони.