Прескокни до содржина

WI-1000X

МУЗИКА БЕЗ ШУМ

Елиминирајте го шумот со поништувањето на шум што е водечко во индустријата* за да уживате во чиста музика, со елегантен и лесен дизајн.

Попаметно поништување на шум 

Блокирајте го несаканиот шум со паметни функции прилагодени кон вашиот стил на живеење. 

Отстранете го шумот, добијте слобода 

Извлечете максимум од вашите слушалки каде и да сте, со оптимизираното поништување на шум и безжичната слобода. 

WI-1000X со вклучено поништување на шум
WI-1000X со исклучено поништување на шум
ИСКЛУЧЕНО
ВКЛУЧЕНО
  • Оптимизирање на атмосферскиот притисок 
  • Безжична слобода и дигитално поништување на шум

Паметното слушање со приспособлива контрола на звук се прилагодува кон тоа што го правите

Паметното слушање со приспособлива контрола на звук автоматски открива дали патувате, пешачите или чекате, па според тоа ги прилагодува поставките за амбиентален звук. Прилагодете ги по ваша желба со апликацијата Sony I Headphones Connect. 

Паметно слушање со WI-1000X

Патување

Патувајте без прекини и уживајте во музиката без шум во заднина. 

Паметно слушање со WI-1000X

Пеш

Бидете свесни за сè што ве опкружува, од улиците до канцеларијата, а притоа уживајте во музика. 

Паметно слушање со WI-1000X

Чекање

Слушајте важни соопштенија додека чекате, со помалку шум во заднина.  

Лого за SENSE ENGINE™

Прилагодете го звукот по ваша желба

SENSE ENGINE™ ви овозможува да ја вклучувате и исклучувате вашата музика со еден допир. 

Sony I Лого за Headphones Connect

Sony | Headphones Connect

Преземете ја апликацијата за да користите паметно слушање со приспособлива контрола на звук, да ги контролирате поставките за амбиентален звук и да ги прилагодувате нивоата на звукот преку еквалајзерот.

Имајте контрола врз содржините што ги слушате

Слушнете го само тоа што е важно со контролата на амбиенталниот звук и прилагодувајте ги нивоата на звукот преку еквалајзерот. 

Виртуелен опкружувачки звук со WI-1000X

Виртуелен опкружувачки звук

Потонете во звукот каде и да сте. Уживајте во звук што е оптимизиран за слушање во различни опкружувања како отворени бини, клубови, сали и арени.

WI-1000X со еквалајзер

Еквилајзер

Пронајдете ја совршената боја на звукот за сите песни во однапред поставените параметри што лесно може да ги прилагодите по ваша желба со апликацијата Sony | Headphones Connect.

Контрола за позиционирање на звукот со WI-1000X

Контрола за позиционирање на звукот

Изберете ја насоката од која сакате да се генерира звукот, на ист начин како и кај безжичните звучници. 

Навистина реалистичен звук

Слушајте музика што е верна на оригиналната снимка со звукот со висока резолуција. S-Master HX™ е оптимизиран за звук со висока резолуција, намалува изобличувања и репродуцира најситни детали од музиката.

Динамичниот звучник од 9 мм нуди длабок бас и јасни средни тонови, а херметички изолираниот звучник со балансирана арматура нуди долготрајна репродукција на природен звук со висока фреквенција. Двата звучници соработуваат за да испорачаат звук со рамномерен одзив низ целиот фреквентен опсег.

Графикон за DSEE™ HX

Обновете ги сите ваши компресирани фајлови

Процесорот за подобрување на дигитален звук HX (DSEE HX™) ги подобрува компресираните датотеки до квалитетот на звукот со висока резолуција. DSEE HX™ ги обновува високите фреквенции што се губат при компресирањето за да ги репродуцира датотеките со богат и јасен звук.

Најдобро безжично проследување

LDAC пренесува три пати повеќе податоци(со максимална стапка на пренос од 990 kbps) од стандардниот безжичен BLUETOOTH® звук, поради што ќе уживате во содржини со звук со висока резолуција чиј исклучителен квалитет е сличен со звукот со висока резолуција.

WI-1000X со известување преку вибрации

Повици без користење на раце со известување преку вибрации

Разговарајте слободно со лесното воспоставување повици без користење на рацете. Оставете го телефонот и разговарајте со едно притиснување.

Организирање на кабелот кај WI-1000X

Организирање на каблите

Практично складирање на кабелот во тенката преграда со патент.

Компактна футрола за носење на WI-1000X

Футрола за носење

Спакувајте ги и чувајте ги слушалките на безбедно место додека ги носите со вас.

Адаптер за приклучоци во авиони на WI-1000X

Адаптер за приклучоци во авиони

Приклучете го кабелот во адаптерот за приклучоци во авиони за да слушате додека патувате со авион. 

Кабел на WI=1000X

Кабел за слушање со висока резолуција

Користете го испорачаниот кабел за непрекинато слушање на звук со висока резолуција и поништување на шум до 14 часа.

WI-1000X со батерија што трае 10 часа

Батерија за безжична употреба до 10 часа

Уживајте во музика до 10 часа без прекини.

Спецификации и функции
Уживајте во музиката во секое време и насекаде со поништувањето на шум што е водечко во индустријата, паметните функции и лентата за на врат за удобно слушање во текот на целиот ден.
  • Дигиталното поништување на шум со оптимизирање на атмосферскиот притисок ви овозможува да го слушате тоа што го сакате

  • Безжична слобода со технологијата BLUETOOTH® и NFC

  • Паметното слушање со приспособлива контрола на звук го прилагодува звукот автоматски според вашата активност

  • Висококвалитетен звук со DSEE HX™, S-Master HX™ и LDAC

  • Повици без користење на раце со известување преку вибрации

Звучник
Хибриден
S-Master HX
Да
DSEE HX
Да
Влез(ови)
Микро USB
Фреквентен одзив
3 Hz-40.000 Hz
Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®)
20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz) / 20 Hz - 40.000 Hz (LDAC семплирање со 96 kHz, 990 kbps)
Фреквентен одзив (Hz)
3 Hz - 40.000 Hz
Пасивно функционирање
Да
NFC
Да
Должина на кабел
Прибл. 1,0 м

Што има во пакетот

Футрола за носење, Адаптер за употреба во авион, Наменски кабел за слушалки(прибл. 1,0 м, жици од OFC, позлатен мини стерео приклучок), Кабел за USB

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина