Спортски и безжични слушалки за во уво MDR-XB80BS со EXTRA BASS™
Спортски слушалки со безжично поврзување преку Bluetooth®, можност за миење
Надминете ги вашите граници со слушалките MDR-XB80BS. Звукот со EXTRA BASS™ ви нуди енергија за да вежбате понапорно, а со Bluetooth® и LDAC ќе проследувате музика со најголем квалитет. Извонредно издржливиот дизајн овозможува миење на слушалките по вежбањето.
Моќниот EXTRA BASS™ звук дополнително ве поттикнува за да продолжите.
Bluetooth® и LDAC ви овозможуваат да проследувате звук со највисок квалитет без кабли до седум часа.
Дизајнот со IPX5 отпорност од прскање ви овозможува да ги носите слушалките при обилен дожд и да ги миете со вода.
Добијте ги дополнителните енергија и фокус кои ви се потребни. EXTRA BASS™ звукот ги подобрува ниските фреквенции за да добиете моќни ритами што ќе ви помогнат да ги надминете личните рекорди.
Цврстиот и издржливиот дизајн на MDR-XB80BS нема да ве разочара. Благодарение на IPX5, слушалките можат да издржат напорни вежби како вежбање со велосипед, па дури и активности на вода како веслање.
Bluetooth® и LDAC ви овозможуваат да слушате звук со највисок квалитет без кабли кои ги ограничуваат вашите движења. Ергономските прицврстувачи за уши и прилагодливиот кабел не дозволуваат поместување на слушалките, дури и кога вежбате со најсилно темпо.
MDR-XB80BS се достапни во сина, црна и црвена боја, за да можат да одговараат дури и на вашата облека за вежбање.