Безжични слушалки за во уво MDR-XB70BT со EXTRA BASS™
Слушалки за во уво со безжично поврзување преку Bluetooth®
Внесете возбудливи музички доживувања во вашиот секојдневен живот. EXTRA BASS™ звукот ја прави секоја песна возбудлива, а безжичното поврзување и лесниот дизајн ќе ви овозможат да слушате удобно насекаде.
EXTRA BASS™ звукот внесува извонредно ниски и моќни тонови во сета ваша музика.
Поврзување преку Bluetooth® и траење на батеријата до девет часа за безжично слушање во текот на целиот ден.
Добијте дневна доза бас во движење. EXTRA BASS™ звукот нуди подобрени ниски фреквенции, па затоа ритамите се многу моќни.
Впарете ги MDR-XB70BT со вашиот уред со Bluetooth® за удобно слушање музика, без кабли што ве ограничуваат.
Практичните копчиња ви овозможуваат да ги контролирате повиците и репродукцијата на музиката без да го допирате паметниот телефон.
Вградената батерија ви нуди безжична репродукција до девет часа, за да слушате во текот на целиот ден.
Слушалките MDR-XB70BT се лесни и едноставни за носење и ќе ве следат насекаде. Изберете една од трите бои која ќе одговара на вашиот стил.