Слушалки за во уво MDR-EX450
Приклучете ги и добијте музичко доживување кое ќе ве инспирира
Идеален партнер за оние кои постојано се во движење, кој нуди комбинација од дизајн со извонредно лесен алуминиум и неодимиумски звучник за звук со голема прецизност. А, пак, со меките хибридни силиконски ушни влошки во четири големини, секогаш ќе имате удобно вметнување.
Слушнете ја секоја нота со совршена јасност преку компактните звучници со голема чувствителност.
Слушајте длабоки ниски тонови и неверојатно високи тонови со зголемен опсег на звукот.
Уживајте додека слушате кристално јасни средни и високи тонови. Лесното и цврсто куќиште нуди постабилен звук и побогати и подинамички перформанси.
Од рок до клупски хитови и познати поп песни - слушајте јасен и моќен звук кој ги нагласува сите детали во вашата музика.
Тие користат обликувани отвори за воздух за оптимизирање на ниските фреквенции и прецизна репродукција на ритами со длабок бас.
Малиот и моќен звучник има купола со иста големина како и звучниците од 16мм, за голема чувствителност и мало изобличување.
Чувствителноста ја мери ефикасноста со која електричниот сигнал се претвора во звук. Овие слушалки со голема чувствителност ќе ви овозможат уште повеќе да ја зголемите јачината на звукот без намалување на јасноста.
Дизајнирани да се вметнат во вашите уши и да ви овозможат удобно слушање со часови.
Звучникот со мали димензии се поставува во задниот дел од вашите уши и нуди многу удобно вметнување и подобра звучна изолација.
Изработени од тврд силикон за долготрајност и помек силикон на надворешноста за удобност. Четири големини на ушни влошки за сигурно вметнување во вашите уши.
Практични за користење со паметни телефони, дизајнирани да ве следат секаде
Со тежина од само 6 гр. и испорачана торбичка за носење, овие слушалки се одлични за слушање во движење. Засечениот кабел спречува заплеткувања и има лизгач за прилагодување на неговата должина. Одговарајте на повици без користење на рацете со помош на вградениот далечински управувач.
Преземете ја бесплатната апликација SmartKey од Sony и поставувајте ги функциите за музика на вашиот паметен телефон со Android или iPhone. Репродуцирајте, паузирајте, прескокнувајте песни и менувајте ја јачината на звукот, сето тоа преку слушалките.
Прилагодете го копчето за повици на вашиот паметен телефон со Android или iPhone. Одговарајте на повици или прилагодувајте ја јачината на звукот со далечинскиот управувач на кабелот. Сето тоа е можно со бесплатната апликација SmartKey од Sony.
Спецификации и функции
Што има во пакетот
Футрола за носење, Прилагодувач на должината на кабелот на слушалките, Ушни влошки, Гарантен лист, Упатство за употреба