DVD приемник со LCD екран од 15,7 см (6,2”)
AV центар со DVD плеер и двојна големина - компатибилен со паметни телефони
Со овој AV центар со навигација и BLUETOOTH®, само неколку секунди ве делат од омилената забава. Поврзете ја целата ваша музичка колекција веднаш или гледајте ги најомилените филмови и серии за време на патувањата преку DVD плеерот.
Музиката е јасна и природна при секоја јачина на звукот со засилувањето од 4 x 55 W и EXTRABASS™.
Пристапете до музиката на паметниот телефон на повеќе едноставни начини.
Претворете го приемникот во систем за навигација со екран на допир, со поврзување на нашиот изборен дополнителен модул.
Слушањето музика додека возите никогаш не било поедноставно. Поврзете се безжично или преку кабел за да пристапите до вашата збирка песни и контролирајте ја репродукцијата преку копчиња или гласовни команди.
Допрете ја задната страна на вашиот телефон со NFC до вртливото копче за звук на приемникот за да воспоставите безжична врска со еден допир. Или, пак, воспоставете Bluetooth® врска брзо преку поставките на мобилниот уред.
Дали сакате да го контролирате вашиот мобилен уред или таблет-уред со iOS без да го тргнете погледот од патот? Siri Eyes Free управува со репродукцијата на музика, помага со навигацијата, ги чита вашите пораки и многу повеќе.
Користете гласовна контрола за да добиете насоки, да праќате пораки и да репродуцирате песни од вашиот паметен телефон со Android.
Немате уред со Bluetooth? Нема проблем. Приклучете мобилен уред, мемориски уред или MP3 плеер во USB приклучокот и пристапете до сите песни. Или, пак, поврзете го приклучокот за слушалки на плеерот и AUX влезот на приемникот преку кабел.
Создадете атмосфера за секое патување со моќен и богат звук кој овозможува вашите омилени песни да звучат уште подобро. Можете дури и да додадете повеќе засилувачи за да направите аудио систем во автомобилот како од соништата.
Нашиот Dynamic Reality Amp 2 го намалува количеството на надворешен шум, што резултира со поголема јасност и 4 x 55 W - дури и при максимална јачина на звукот.
Благодарение на двата различни режими за засилување, EXTRABASS ги збогатува вашите песни со длабоки ниски фреквенции. EQ5 Advanced, пак, ви овозможува да ја прилагодувате фреквенцијата по желба.
Дали сакате да направите целосен аудио систем во автомобилот? Поврзете дополнителни засилувачи за вашите звучници и сабвуфери преку трите предзасилувачи за уште поголема јачина на звукот и динамика.
Секогаш кога автомобилот не е во движење, уживајте во омилените филмови и ТВ серии со вградениот DVD плеер.
Контролирајте сè на едноставен начин преку големите копчиња на екранот на допир. Прилагодете го интерфејсот за да го усогласите со ентериерот на автомобилот со избирање на некоја од петте шеми на бои.
Имате задна камера? Кога менувачот е во положба за возење наназад или при допирање на иконата за задна камера, на екранот ќе се прикаже сигналот од камерата. Користете ги прилагодливите линии на екранот за лесно придвижување на возилото наназад.