Прескокни до содржина
Слика од DVD приемник со LCD екран од 15,7 см (6,2”)
Слика од DVD приемник со LCD екран од 15,7 см (6,2”)
Слика од DVD приемник со LCD екран од 15,7 см (6,2”)

Неограничена забава додека возите

AV центар со DVD плеер и двојна големина - компатибилен со паметни телефони

Со овој AV центар со Bluetooth®, само неколку секунди ве делат од вашата омилена забава. Поврзете ја целата ваша музичка колекција веднаш, или гледајте ги најомилените филмови и серии за време на патувањата преку DVD плеерот. 

Лого за 4 x 55 W

Прекрасен звук

Направете ја музиката јасна и природна со моќниот засилувач од 4 x 55 W и интелигентната обработка на звукот.

Лого за Bluetooth®, USB и NFC

Премногу начини за репродукција на музика

Пристапете до музиката на паметниот телефон на повеќе едноставни начини.

Лого за екранот на допир

Гледајте телевизија и филмови

Уживајте во репродукција во боја на екранот на допир од 15,7 см (6,2”).

Поврзувајте и контролирајте на ваш начин

Слушањето музика додека возите никогаш не било поедноставно. Поврзете се безжично или преку кабел за да пристапите до вашата збирка песни и контролирајте ја репродукцијата преку копчиња или гласовни команди.

Проследувајте музика за неколку секунди

Допрете ја задната страна на вашиот телефон со NFC до вртливото копче за звук на приемникот за да воспоставите безжична врска со еден допир. Или, пак, воспоставете Bluetooth® врска брзо преку поставките на мобилниот уред. 

Слика од возач во автомобил, со редови текст што се читаат на глас

Понесете ја Siri со вас кога патувате

Дали сакате да го контролирате вашиот мобилен уред или таблет-уред со iOS без да го тргнете погледот од патот? Siri Eyes Free управува со репродукцијата на музика, помага со навигацијата, ги чита вашите пораки и многу повеќе.

Преземете ја контролата со SongPal 

Практичната апликација SongPal со гласовна контрола управува со репродукцијата на медиуми, а може дури и да ги чита вашите е-пораки или да помага со навигацијата.

Паметен телефон со SongPal на екранот и XAV-W650BT во заднина
Лого за USB и Aux

Поврзување преку USB и AUX влезови

Немате Bluetooth? Нема проблем. Приклучете го мобилниот уред, меморискиот уред или MP3 плеерот во USB приклучокот и пристапете до сите песни. Или, пак, поврзете го приклучокот за слушалки на плеерот со AUX влезот преку кабел.

Музиката е најважна

Создадете атмосфера за секое патување со моќен и богат звук кој овозможува вашите омилени песни да звучат уште подобро. Можете дури и да додадете повеќе засилувачи за да направите аудио систем во автомобилот како од соништата.

Слика од компјутерскиот чип Dynamic Reality Amp 2

Излезна моќ од 4 x 55 W за одличен звук 

Нашиот Dynamic Reality Amp 2 го намалува количеството на надворешен шум, што резултира со поголема јасност и 4 x 55 W - дури и при максимална јачина на звукот. 

Слика од екранот на која се прикажува „mega bass вклучен“

MEGA BASS засилување за моќни ниски тонови 

Благодарение на двата различни режими за засилување, прекинувачот за MEGA BASS ја збогатува секоја песна со длабоки и ниски фреквенции.

Слика од логото за 3 предзасилувачи и звучници

3 предзасилувачи за поврзување повеќе звучници

Дали сакате да направите целосен аудио систем во автомобилот? Поврзете дополнителни засилувачи за вашите звучници и сабвуфери преку трите предзасилувачи за уште поголема јачина на звукот и динамика.

Репродуцирајте видеоснимки насекаде

Секогаш кога автомобилот не е во движење, уживајте во омилените филмови и ТВ серии со вградениот DVD плеер. 

Слика од предната страна на XAV-650BT на која се прикажани копчињата од менито на екранот

Паметен екран на допир

Контролирајте сè на едноставен начин преку големите копчиња на екранот на допир. Прилагодете го интерфејсот за да го усогласите со ентериерот на автомобилот со избирање на некоја од петте шеми на бои.

Може да се користи со камера за гледање наназад

Имате задна камера? Кога менувачот е во положба за возење наназад или при допирање на иконата за задна камера, на екранот ќе се прикаже сигналот од камерата. Користете ги прилагодливите линии на екранот за лесно придвижување на возилото наназад.

Слика од задната камера за просторот зад автомобилот, прикажана на екранот на AV центарот
Спецификации и функции
Уживајте во омилените песни, филмови и други содржини во автомобилот преку овој AV центар кој е компатибилен со паметни телефони. Поврзете го мобилниот уред за неколку секунди преку USB или Bluetooth® и слушајте богат звук од моќниот засилувач од 4 x 55 W и MEGA BASS.
  • Поврзете го вашиот паметен телефон веднаш со NFC и Bluetooth®

  • Репродуцирајте филмови и ТВ серии преку DVD плеерот

  • Можност за користење задна камера за лесно паркирање

  • Поврзете MP3 плеер или мемориски уред преку USB приклучокот

  • Добијте моќен звук со Dynamic Reality Amp 2 од 4 x 55 W

Излезна моќност
55W
Излез за предзасилувач
3Pre 2V
Дијагонала на екранот (инчи / мм)
6,2 инчи
Контрола на USB уред (аудио кодек)
MP3/WMC/AAC/WAV/FLAC
Контрола на USB уред (видео кодек)
Xvid/MPEG1/2/MPEG4-SP/JPEG
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина