Медиумски ресивер од 15,7 см (6,2") со безжична технологија BLUETOOTH®
AV центар со Bluetooth®, поддршка за навигација и гласовна контрола
Подобрете го доживувањето при патувањето со овој AV центар со поддршка за паметни телефони и навигација. Уживајте во безжично проследување на музика и користете гласовна контрола за забава и комуникации без користење на рацете.
Проследувајте музика од вашиот паметен телефон и воспоставувајте повици без користење на рацете.
Музиката е јасна и природна при секоја јачина на звукот со засилувањето од 4 x 55 W и EXTRABASS.TM
Претворете го приемникот во систем за навигација со екран на допир, со поврзување на нашиот изборен дополнителен модул.
Слушањето музика додека возите никогаш не било поедноставно. Поврзете се безжично или преку кабел за да пристапите до вашата збирка песни и контролирајте ја репродукцијата преку копчиња или гласовни команди.
Допрете ја задната страна на вашиот телефон со NFC до вртливото копче за звук на приемникот за да воспоставите безжична врска со еден допир. Или, пак, воспоставете Bluetooth врска брзо преку поставките на мобилниот уред.
Дали сакате да го контролирате вашиот мобилен уред или таблет-уред со iOS без да го тргнете погледот од патот? Siri Eyes Free управува со репродукцијата на музика, помага со навигацијата, ги чита вашите пораки и многу повеќе.
Користете гласовна контрола за да добиете насоки, да праќате пораки и да репродуцирате песни од вашиот паметен телефон со Android.
Немате уред со Bluetooth? Нема проблем. Приклучете мобилен уред, мемориски уред или MP3 плеер во USB приклучокот и пристапете до сите песни. Или, пак, поврзете го приклучокот за слушалки на плеерот и AUX влезот на приемникот преку кабел.
Создадете атмосфера за секое патување со моќен и богат звук кој овозможува вашите омилени песни да звучат уште подобро. Можете дури и да додадете повеќе засилувачи за да направите аудио систем во автомобилот како од соништата.
Dynamic Reality Amp 2 со напредно засилување од 4 x 55 W ги минимизира пречките, така што музиката звучи јасно и детално.
Благодарение на двата различни режими за засилување, EXTRABASS ги збогатува вашите песни со длабоки ниски фреквенции. EQ5 Advanced, пак, ви овозможува да ја прилагодувате фреквенцијата по желба.
Дали сакате да направите целосен аудио систем во автомобилот? Поврзете дополнителни засилувачи за вашите звучници и сабвуфери за уште поголема јачина на звукот и динамика.
Контролирајте сè на едноставен начин преку големите копчиња на екранот на допир. Прилагодете го интерфејсот за да го усогласите со ентериерот на автомобилот со избирање на некоја од петте шеми на бои.
Поврзете го изборниот дополнителен модул и добиете го најновиот систем за навигација од TomTom со интерфејс кој е практичен за користење.
Веќе имате задна камера? При ставање на менувачот во положба за возење наназад или допирање на иконата за задна камера, на екранот јасно ќе се прикаже сигналот од камерата. Искористете ги подвижните линии на екранот за лесно придвижување на возилото наназад.