XAV-AX8050D | Медиумски приемник со DAB-радио и екран од 22,7 см (8,95")
XAV-AX8050D | Медиумски приемник со DAB-радио и екран од 22,7 см (8,95")
Огромниот и анти-рефлективен екран од 22,7 см (8,95") ви нуди поинтуитивна и побезбедна контрола над репродукцијата на музиката и функциите на паметниот телефон.
Цврстиот држач се прилагодува во три насоки и овозможува флексибилно монтирање.
Поврзете ги вашите компатибилни паметни телефони од Apple или со Android за да добивате насоки, да проследувате музика и многу повеќе.
Независно дали добивате насоки, барате песна на паметниот телефон или го прилагодувате звукот, огромниот и анти-рефлективен екран на допир од 22,7 см (8,95 инчи) овозможува лесно, прегледно и безбедно користење додека патувате.
Цврстиот и прилагодлив држач се прилагодува во три насоки. Благодарение на флексибилните опции за монтирање, може да се монтира во различни возила.
+ / - 10 степени
40 мм мин. / 60 мм макс.
60 мм
Weblink е платформа за едноставна испорака на апликации дизајнирана специјално за употреба во возила. Ако поврзете уред со Android или iOS, тогаш ќе можете да користите компатибилни апликации на екранот на XAV-AX8050D - за сигурни и брзи информации и забава додека возите.
Големиот број опции за прилагодување ви овозможуваат да го приспособите аудио доживувањето според вашиот вкус. Со вграденото засилување со моќност од 4 x 55 W, музиката звучи јасно, дури и при голема јачина на звукот.
Веднаш добијте пристап до често користените функции како јачина на звук, извор, поставки за звук и гласовна контрола за безбедно и лесно ракување додека возите.
Имате задна камера? Гледајте го видеото преку екранот, заедно со прилагодливи линии за безбедно возење наназад.
Со функцијата за брзо активирање од Sony ќе уживате во музика веднаш по палењето на автомобилот.