Медиумски приемник со екран од 6,95" (17,6 см), BLUETOOTH®, DAB и WebLink Cast
Медиумски приемник со екран од 6,95" (17,6 см), BLUETOOTH®, DAB и WebLink Cast
Уживајте во непречена и практична контрола при секое патување. Капацитетниот екран на допир со дијагонала од 6,95" (17,6 см) без рамка се активира веднаш откако ќе го стартувате моторот и ви нуди интуитивна контрола врз репродукцијата на музика, воспоставувањето повици и многу повеќе.
Поврзете го вашиот компатибилен паметен телефон за да добивате насоки, да проследувате музика и многу повеќе.
Извонредно тенкиот екран со дијагонала од 6,95" (17,6 см) има панел без рамка поради што лесно се вметнува во контролната табла на автомобилот и беспрекорно се вклопува во неговиот ентериер.
Со 2-та USB-приклучоци може да уживате во сите најдобри хитови од вашиот USB-уред, а вашиот телефон ќе се погрижи за навигацијата и повиците.
WebLink™ е платформа за едноставна испорака на апликации дизајнирана специјално за употреба во возила. Ако поврзете уред со Android или iOS, тогаш ќе можете да го пресликате екранот на вашиот паметен телефон на екранот на уредот за звук во автомобилот - за сигурни и брзи информации и забава додека возите.
Отворете мапи, пребарувајте низ листите за репродукција и воспоставувајте повици - сето тоа преку практичен екран без рамка што беспрекорно се вклопува во контролната табла. Капацитетниот екран на допир со дијагонала од 6,95" (17,6 см) е едноставен за користење и го олеснува ракувањето.
Веднаш добијте пристап до често користените функции како јачина на звук, извор, поставки за звук и гласовна контрола за безбедно и лесно ракување додека возите.
Благодарение на двата USB-приклучоци може да приклучите уреди за складирање за да добиете пристап до вашата музичка збирка, а вашиот телефон ќе се погрижи за навигацијата и повиците,.
Големиот број опции за прилагодување ви овозможуваат да го приспособите аудио доживувањето според вашиот вкус. Со вграденото засилување со моќност од 4 x 55 W, музиката звучи јасно, дури и при голема јачина на звукот.
Со функцијата за брзо активирање ќе уживате во музика веднаш по
палењето на автомобилот.
Имате задна камера? Тогаш ќе можете да го гледате видеото преку екранот, заедно со прилагодливи линии за безбедно возење наназад.
И покрај тоа што неговиот екран има двојна големина, задниот дел на куќиштето е многу помал од стандардните уреди со двојна големина. Тоа овозможува многу полесна инсталација и повеќе слободен простор за поврзување кабли и друга галантерија зад екранот.
Спецификации и функции
- Излезна моќност
- 55 W x 4
- Излез за предзасилувач
- 3 излези за предзасилувач (преден / заден / сабвуфер x 1)
- Дијагонала на екранот (инчи / мм)
- 6.95 инчи
- Контрола на USB уред (аудио кодек)
- USB1: PCM / MP3 / WMA / AAC / FLAC, USB2: MP3 / WMA / FLAC
- Контрола на USB уред (видео кодек)
- Само USB1: MPEG4-SP / AVC (H.264 Baseline) / WMV / MKV / XviD