Прескокни до содржина
Слика од DVD ресивер со MirrorLink и LCD екран од 15,5см (6,1")
Слика од DVD ресивер со MirrorLink и LCD екран од 15,5см (6,1")
Слика од DVD ресивер со MirrorLink и LCD екран од 15,5см (6,1")

Контрола од возачкото место

Контрола во автомобилот преку Bluetooth® и MirrorLink™

Овој DVD/CD плеер за автомобил нуди совршено надополнување на вашиот паметен телефон. Со MirrorLink ќе можете да го контролирате телефонот на WVGA екранот на допир. Остварувајте повици преку Bluetooth® и уживајте во 5.1 виртуелен опкружувачки звук.

Поврзување преку MirrorLink

Од паметниот телефон на екранот на допир

Лесен и безбеден пристап до вашиот паметен телефон

Поврзете го вашиот телефон преку USB и MirrorLink ќе го преслика неговиот екран на големиот екран на допир. Ќе можете лесно да ја контролирате вашата музика, апликациите и друго.

Целосно поврзување во автомобил

Задржете ја поврзаноста и контролата кога седите зад воланот

Со Bluetooth® можете да воспоставувате и примате повици без користење на рацете и без да ви се одвлекува вниманието, не оттргнувајќи ги очите од патот. Преземете ја бесплатната апликација App Remote за едноставна контрола врз поставките за звукот, содржините во паметниот телефон и многу повеќе.

App Remote 2.0

Добијте повеќе преку далечинско управување

Контрола во автомобилот преку App Remote 2.0

Преземете ја бесплатната апликација App Remote на вашиот паметен телефон и добијте контрола врз вашиот стерео уред. Прилагодувајте ги поставувањата за звук со гестикулации на екранот на паметниот телефон. Користете ја со паметни телефони со Android за да читате SMS пораки додека возите и користете говорни команди за да ја контролирате музиката кога сте зад воланот.

Лесна навигација на дофат на вашите прсти

Секогаш знајте го правилниот пат благодарение на GPS и TomTom®

Еден допир и вие ќе можете да појдете по вашата рута благодарение на брзата и прецизна навигација со изборниот TomTom® SatNav модул и надворешната GPS антена – со ажурирања во реално време за сообраќајот. За TomTom навигацијата е достапен изборен GPS модул (XA-NV300T) и комплет со GPS модул (XNV-KT602).

5.1 опкружувачки звук

Звук кој ќе ве обземе

Внесете ведрина на патувањата со помош на 5.1 опкружувачкиот звук. Благодарение на имитирањето на динамиката на повеќеканалните Hi-Fi системи, вие ќе можете да слушате богат звук кој ќе го исполни автомобилот.

Музика, мапи и многу повеќе на дофат на прстите

WVGA екранот на допир од 15см со висока резолуција ви овозможува лесно управување со музиката, навигацијата и друго. Предниот панел целосно може да се отстрани со што ќе го заштитите вашиот систем од кражби.

WVGA екран на допир
Zappin

Слушнете исечоци од песните со ZAPPIN™

Слушнете дел од рефренот за да ја пронајдете саканата песна.

Два USB приклучоци

Поврзување во автомобил

Поврзете MP3 плеер или паметен телефон преку двата USB приклучоци.

Спецификации
  • Поврзување со паметен телефон преку MirrorLink

  • Изборна TomTom® сателитска навигација и надворешна GPS антена

  • Целосно отстранлив преден панел

  • Bluetooth®

  • WVGA екран на допир од 15см со висока резолуција

Излезна моќност
4 X 52W
Излез за предзасилувач
4.1 канали
Дијагонала на екранот (инчи / мм)
6,1 инчи
Контрола на USB уред (аудио кодек)
MP3;AAC;WMA;WAV
Контрола на USB уред (видео кодек)
Xvid;MPEG-4(едноставен профил);JPEG;WMV;AVC(H.264 Baseline)

Што има во пакетот

Ременче, Приклучок за антена(JASO), Bluetooth® микрофон, Кутија за предна плоча, *Производите може да се разликуваат во зависност од земјата и моделот

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина