Медиумски приемник со екран од 6,95” (17,6 см), Bluetooth® и WebLink™️ Cast
Медиумски приемник со екран од 6,95” (17,6 см), Bluetooth® и WebLink™️ Cast
со помалку одблесоци
Уживајте во пресликани содржини од паметен телефон со WebLink™ на секое патување. Анти-рефлективниот екран на допир со дијагонала од 6,95 инчи (17,6 см) се активира веднаш откако ќе го стартувате моторот и ви нуди интуитивна контрола врз репродукцијата на музика, воспоставувањето повици и многу повеќе.
Поврзете ги вашите компатибилни паметни телефони од Apple или со Android за да ги пресликате и да ги контролирате директно од екранот на аудио опремата во автомобилот.
Анти-рефлективниот екран на допир од 6,95" (17,6 см) ви нуди интуитивна контрола врз репродукцијата на музика, воспоставувањето повици и многу повеќе.
Уживајте во музика веднаш по палењето на автомобилот со функцијата за брзо активирање од Sony.
WebLink™ е платформа за едноставна испорака на апликации дизајнирана специјално за употреба во возила. Ако поврзете уред со Android или iOS, тогаш ќе можете да го пресликате екранот на вашиот паметен телефон на екранот на уредот за звук во автомобилот - за сигурни и брзи информации и забава додека возите.
брз одзив и елегантен дизајн
Сè што ви е потребно е само на допир од вас, благодарение на анти-рефлективниот екран на допир од 6,95" (17,6 см) и големите и практични икони за избор на извор и поставки.
Веднаш добијте пристап до често користените функции како јачина на звук, извор и поставки за звук за безбедно и лесно ракување додека возите.
Големиот број опции за прилагодување ви овозможуваат да го приспособите аудио доживувањето според вашиот вкус. Со вграденото засилување со моќност од 4 x 55 W, музиката звучи јасно, дури и при голема јачина на звукот.
Со функцијата за брзо активирање ќе уживате во музика
веднаш по палењето на автомобилот.
Имате задна камера? Гледајте го видеото преку екранот,
заедно со прилагодливи линии за безбедно возење наназад.
компактно задно куќиште
Иако неговиот екран има двојна големина, задниот дел на куќиштето е многу помал од стандардните уреди со двојна големина. Тоа овозможува многу полесна инсталација
и повеќе слободен простор за поврзување кабли и друга галантерија зад екранот.
Спецификации и функции
- Излезна моќност
- 55 W x 4
- Излез за предзасилувач
- 3 излези за предзасилувач (преден / заден / сабвуфер x 1)
- Дијагонала на екранот (инчи / мм)
- 6.95 инчи
- Контрола на USB уред (аудио кодек)
- PCM / MP3 / WMA / AAC / FLAC
- Контрола на USB уред (видео кодек)
- MPEG4-SP / AVC (H.264 Baseline) / WMV / MKV / XviD