Уживајте во пресликаните содржини од паметните телефони со WebLink™ Cast на секое патување. Анти-рефлективниот екран на допир со дијагонала од 6,2" (15,7 см) се активира веднаш откако ќе го стартувате моторот и ви нуди интуитивна контрола на репродукцијата на музика, воспоставувањето повици и многу повеќе.
Поврзете ги вашите компатибилни паметни телефони од Apple или со Android за да ги пресликате и да ги контролирате директно од екранот на аудио опремата во автомобилот.
Анти-рефлективниот екран на допир од 6,2" (15,7 см) ви нуди интуитивна контрола на репродукцијата на музика, воспоставувањето повици и многу повеќе.
Подготвени сте веднаш по стартувањето на моторот благодарение на функцијата за брзо активирање на Sony.
Weblink™ е платформа за едноставна испорака на апликации дизајнирана специјално за употреба во возила. Ако поврзете уред со Android или iOS, тогаш ќе можете да го пресликате екранот на вашиот паметен телефон на екранот на XAV-1500 - за сигурни и брзи информации и забава додека возите.
Сè што ви е потребно е само на допир од вас, благодарение на анти-рефлективниот екран на допир од 6,2" (15,7 см) и големите и практични икони за избор на изворот и поставки.
Ергономското вртливо копче овозможува непречено користење. Завртете го за да ја контролирате јачината на звукот или притиснете го интегрираното копче за да ги отворите менијата за контрола на звукот.
Големиот број опции за прилагодување ви овозможуваат да го приспособите аудио доживувањето според вашиот вкус. Со вграденото засилување со моќност од 4 x 55 W, музиката звучи јасно, дури и при голема јачина на звукот.
Имате задна камера? Гледајте го видеото преку екранот, заедно со прилагодливи линии за безбедно возење наназад.
И покрај тоа што неговиот екран има двојна големина, задниот дел на куќиштето е многу помал од стандардните уреди со двојна големина. Тоа овозможува многу полесна инсталација и повеќе слободен простор за поврзување кабли и друга галантерија зад екранот.