Прескокни до содржина
Слика од CD ресивер со BLUETOOTH®
Слика од CD ресивер со BLUETOOTH®
Слика од CD ресивер со BLUETOOTH®
Слика од CD ресивер со BLUETOOTH®
Слика од CD ресивер со BLUETOOTH®
Слика од CD ресивер со BLUETOOTH®
Слика од CD ресивер со BLUETOOTH®
Слика од CD ресивер со BLUETOOTH®
Слика од CD ресивер со BLUETOOTH®
Слика од CD ресивер со BLUETOOTH®

Контролирајте го звукот што го исполнува автомобилот

Уживајте во едноставна контрола и длабок и јасен звук во автомобилот. Музиката, навигацијата, пораките и функциите за повици се лесни за користење благодарение на новиот и подобрен интерфејс и гласовната контрола. EXTRA BASS™ и моќниот засилувач внесуваат енергија во секоја песна.

Икона за NFC

Впарување на едноставен начин

NFC овозможува моментално поврзување на вашиот телефон со Bluetooth®. Треба само да го допрете копчето за јачина на звук за едноставно впарување.

Икона за гласовна контрола

Контролирајте со вашиот глас

Користете гласовни команди за да добиете насоки, да репродуцирате музика и да комуницирате со контактите во вашиот паметен телефон.

Икона за 4 x 100 W

Засилувач со голема моќ

Вградениот засилувач со четири канали ви нуди ниво на моќ што досега било достапно само кај надворешните засилувачи.

Двојно повеќе поврзани уреди

Впарете еден телефон со Bluetooth® за да добиете пристап до навигацијата, репродукцијата на музика и функциите за комуникација. Поврзете втор телефон за да започнувате или примате повици без користење на рацете.

Икона за гласовна контрола

Гласовна контрола за Android

Користете гласовна контрола за да добиете насоки, да праќате пораки и да репродуцирате песни од вашиот паметен телефон со Android.

Икона за гласовна контрола

Понесете ја Siri со вас кога патувате

Поврзете го вашиот уред со iOS за да ја контролирате музиката, навигацијата, пораките и многу повеќе преку Siri Eyes Free.

Чист звук што го исполнува автомобилот

Уживајте во подлабок звук што изгледа како да доаѓа директно кон вас благодарение на Dynamic Stage Organiser, EXTRA BASS и соодветни XB звучници. Направете беспрекорен систем за звук во автомобилот преку трите излези за предзасилувач од 5 V и надворешни засилувачи.

  • DSO
  • EXTRA BASS
  • Соодветни звучници
  • Три предзасилувачи

Возење со моќен звук

Засилувач од 4x100 W

Вградениот засилувач од класа D нуди огромна моќ со минимални пречки за да добиете кристално чист звук дури и при најголема јачина.

Електронски кола и компоненти на ресиверот

Оптимизирани за совршенство

Електронските кола и компонентите се внимателно позиционирани за високоефикасен пренос на електрична енергија со мал шум.

Електролитички кондензатори и напојување на ресиверот

Прецизно поставување на напојувањето

Поставувањето на напојувањето блиску до влезовите и засилувачот ги минимизира загубите на енергија, а електролитичките кондензатори овозможуваат прецизен бас со брз одзив.

Ладилник на ресиверот

Вентилација на топлина

Преголемиот ладилник со оптимално дизајнирана структура на ребра овозможува ефикасна вентилација на засилувачот.

Контролно копче на ресиверот

Едноставна контрола

Нашиот подобрен 3-линиски екран со голем контраст овозможува лесно читање независно каде седите. Вртливото копче ви нуди едноставна контрола на музиката и многу повеќе.

Светилки на ресиверот

Светилки што се синхронизираат со ритамот

Чувствувајте се како во ноќен клуб додека возите. Екранот и уредот светат во различни бои, а потоа се синхронизираат со ритамот на вашата музика.

Репродуцирајте повеќе музика

USB приклучок компатибилен со AOA 2.0

Поврзете го вашиот паметен телефон или музички плеер преку USB за да репродуцирате музика од сите ваши апликации, контролирајќи ги лесно преку телефонот.

Икона за волан

Менувајте песни преку воланот

Поставувајте основни контроли за звукот на едноставен начин преку воланот без конвертор за сигнали, кај компатибилните возила.

Икона за LCD екран со голем контраст

Лесно читање

Со пет пати поголем контраст од стандардните екрани и оптимизиран агол на гледање, читањето од екранот е секогаш лесно. 

Лого за FLAC

Репродуцирајте FLAC датотеки

 Компатибилноста со FLAC ви овозможува репродукција на аудио датотеки без загуби за да уживате во сите детали на музиката.

Спецификации и функции
Уживајте во едноставна контрола и длабок и јасен звук во автомобилот. Музиката, навигацијата, пораките и функциите за повици се лесни за користење благодарение на новиот и подобрен интерфејс и гласовната контрола. EXTRA BASS™ и моќниот засилувач внесуваат енергија во секоја песна.
  • Artboard 1

    Поврзувањето преку двоен Bluetooth® ви овозможува да поврзете два паметни телефони истовремено

  • Гласовна контрола преку Siri Eyes Free и Android

  • Засилувачот со голема моќ нуди јасен и природен звук

  • Направете виртуелни звучници пред вас со Dynamic Stage Organiser

  • USB приклучокот компатибилен со AOA 2.0 ви овозможува да репродуцирате музика од апликации во паметен телефон

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина