CD ресивер со безжична технологија BLUETOOTH®
Моќ од 4 x 100W додека патувате
Со доволно моќ за да им пркоси на надворешните засилувачи, приемникот за во автомобил MEX-XB100BT ви овозможува да го почувствувате секој ритам и бас додека возите. Живописните LED светилки кои се синхронизираат со ритамот нудат различни бои за секоја песна, а новите функции за гласовна контрола ќе ви помогнат да бидете безбедни и фокусирани кога сте зад воланот.
Погледнете го видео записот
Дигитален засилувач со четири канали
Дигиталниот засилувач со 4 x 100W ви нуди ниво на моќ еднакво на нивото на надворешен засилувач.
SongPal
Преземете ја контролата врз целата музичка збирка. Со SongPal можете да ја пронајдете песната која ја барате, да разгледувате апликации и да ја менувате јачината на звукот со помош на вашиот глас.
Поврзете се
Репродуцирајте ги омилените песни од одредени паметни телефони преку MEX-XB100BT. Слушајте со еден допир преку NFC и проследувајте музика преку Bluetooth® на едноставен начин.
Навистина моќен звук
Со вградување на високоефикасен засилувач од класа D во приемникот, MEX-XB100BT создава излезна моќ од 4 x 100 W од компактно куќиште. Засилувачот ги минимизира и електромагнетните пречки кои создаваат шум при зголемување на јачината на звукот, за да уживате во звук со подобрен квалитет при секоја јачина на звукот.
Оптимизирани за совршенство
Од изборот на компоненти па сè до распоредот на електронското коло, MEX-XB100BT е оптимизиран за високоефикасен пренос на електрична енергија со мал шум.
Прецизно поставување на напојувањето
Поставувањето на напојувањето блиску до влезните приклучоци и дигиталниот засилувач ги минимизира загубите на енергија, а електролитичките кондензатори овозможуваат прецизен бас со брз одзив.
Вентилација со поголема ефикасност
Преголемиот ладилник – приближно 30% потежок од ладилниците кај стандардните модели – со оптимално дизајнирана структура на ребра овозможува поефикасна вентилација на топлината.
Чувствувајте ги громогласните ритами
Активирајте Mega Bass со едно кликнување
Активирајте Mega Bass со допир на копче за засилување на ниските тонови и осветлување кое пулсира според ритамот. За разлика од стандардните засилувачи на бас, Mega Bass го минимизира изобличувањето при сите нивоа на јачина со автоматско прилагодување на фреквенцијата и засилувањето.
Побрзи начини за поврзување
Уживајте во повеќе начини за брзо поврзување, благодарение на автоматското впарување преку Bluetooth® и слушањето со еден допир преку NFC.
NFC со еден допир
Автоматско впарување преку Bluetooth®
Обединете ја вашата музика
SongPal ви нуди гласовна контрола врз целата музичка збирка и основните функции на вашиот приемник – од пронаоѓање песни до пребарување листи, разгледување апликации за видео и услуги за навигација. Новата функција за автоматско исчитување ќе ви соопштува информации без да го прекинувате патувањето.
Апликација SongPal
Достапно за iOS и Android
Вашиот помошник во автомобилот
Со Siri Eyes Free, корисниците на iPhone можат да управуваат со сè, почнувајќи од повици, пораки и музика до известувања за социјалните медиуми без да го тргнат погледот од патот. Кажете ѝ на Siri да воспостави повик, составете текстуална порака или изберете и репродуцирајте музика.
Уникатен и единствен звук
Тридимензионален звук кој го исполнува автомобилот
Без разлика што слушате, напредниот процесор за звук нуди јасна и моќна акустика. А со дигитална обработка на сигнали, пак, можете да го прилагодите звукот и да создадете совршено аудио доживување во автомобилот од сите ваши музички извори.
Дигитален еквалајзер со 10 режими
Нископропусен и високопропусен филтер
Осветлете ја контролната табла
Уживајте во 35.000 различни комбинации на бои кои трепкаат според ритамот со новото двозонско динамичко осветлување во боја. Исто така, можете да го прилагодите дволинискиот LED екран за да направите атмосфера која ќе ви одговара на возењето.
Повеќе музика во движење
Приклучете MP3 плеер или друг USB уред и уживајте во сите омилени песни во движење.
Засилете го басот
Звучниците со извонреден бас и целосен опсег од серија XB од Sony се совршени партнери за нашиот приемник MEX. Секој од овие 3-системски коаксијални звучници создава амбиентален и прецизен бас преку повеќеслоен MRC вуфер кој не дозволува изобличувања при секоја јачина на звукот.
- Излезна моќност (4 ohms, 1 kHz,16 V)
- 100W
- Излез за предзасилувач
- x 3
- Излез за сабвуфер
- Да
- Помошен влез
- Да (предна страна)
- USB
- Да (предна страна)
Што има во пакетот
Приклучок ISO, Украсен прстен (црн)