CD ресивер со DAB радио и безжична технологија BLUETOOTH®
MEX-N6002BD
CD ресивер со DAB радио и безжична технологија BLUETOOTH®
Уживајте во повеќе музика, контролирајте повеќе звук
CD ресивер со стандардна големина, двоен Bluetooth® и DAB+ радио
MEX-N6002BD нуди одлични начини за уживање во музиката додека патувате. Поврзувањето преку двоен Bluetooth® овозможува лесен пристап до вашата музичка библиотека, како и втор телефон за повици без користење на рацете. Слушајте висококвалитетно радио со DAB+ и прилагодете го звукот со Dynamic Stage Organiser и функцијата за подредување на времето.
Допрете за да се поврзете безжично
Технологијата NFC овозможува моментално поврзување на вашиот телефон со Bluetooth, треба само да го допрете до копчето за јачина на звук на ресиверот.
Контролирајте со вашиот глас
Користете гласовни команди за да добиете насоки, да репродуцирате музика и да комуницирате со контактите кога е поврзан вашиот паметен телефон.
Уживајте во DAB+ радио
Слушајте нова генерација на дигитални радиостаници со појасен и почист звук.
Поврзете два паметни телефони преку двојниот Bluetooth®
Впарете го првиот телефон за да добиете целосен пристап до навигацијата, репродукцијата на музика и функциите за комуникација. Вториот телефон може да се поврзе истовремено за да започнувате или примате повици без користење на рацете.
Понесете ја Siri со вас кога патувате
Преземете ја контролата со SongPal
Контрола со говор
Уживајте во практичните функции на паметниот телефон без да ги тргнете очите од патот. Гласовната контрола ви овозможува да ја контролирате музиката, да добивате насоки во реално време и да комуницирате со контактите - сето тоа со едноставни гласовни команди.
Надополнете го секое патување со одличен звук
Уживајте во јасен и моќен звук при секое патување со Dynamic Reality Amplifier 2 за богат звук. Интелигентната обработка на звукот овозможува прилагодување на поставките според автомобилот.
Изберете ги вашите бои
Избор од 35.000 бои за усогласување на двозонското осветлување со ентериерот на вашиот автомобил. Кога ќе започне музиката, светилките на LED екранот ќе почнат да трепкаат според песната.
DAB+ радио
Слушајте DAB+ радио и добијте уште поголем избор и подобар квалитет на звукот. Ресиверот ги прима и вашите омилени стари DAB станици.
Репродуцирајте FLAC датотеки
Компатибилноста со FLAC ви овозможува репродукција на аудио датотеки без загуби за да уживате во сите детали на музиката.
Лесно читање од LCD екранот со голем контраст
Со пет пати поголем контраст од стандардните екрани и оптимизиран агол на гледање, читањето од екранот е секогаш лесно.