Прескокни до содржина
Слика од CD ресивер со безжична технологија BLUETOOTH®
Слика од CD ресивер со безжична технологија BLUETOOTH®
Слика од CD ресивер со безжична технологија BLUETOOTH®
Слика од CD ресивер со безжична технологија BLUETOOTH®

Двојно повеќе приклучоци и бои

Стандарден CD ресивер со поврзување преку двоен Bluetooth® и двозонско осветлување

MEX-N5200BT нуди подобра комуникација и осветлување при секое патување. Поврзувањето преку двојниот Bluetooth ви овозможува да поврзете втор паметен телефон безжично за да воспоставувате и одговарате на повици без користење на рацете. А со двозонското осветлување ќе можете да ги усогласите предните светилки на ресиверот со боите на автомобилот.

Слика од звучници

Проширете го вашиот систем за звук

Трите излези од предзасилувачот овозможуваат поврзување дополнителни компоненти за повеќе опции за звукот.

Икона за компатибилност со технологиите Bluetooth и NFC

Допрете за да се поврзете безжично

Технологијата NFC овозможува моментално поврзување на вашиот телефон со Bluetooth, треба само да го допрете до копчето за јачина на звук на ресиверот.

Икона за гласовна контрола

Контролирајте со вашиот глас

Користете гласовни команди за да добиете насоки, да репродуцирате музика и да комуницирате со контактите кога е поврзан вашиот паметен телефон.

Поврзете два паметни телефони преку двојниот Bluetooth®

Впарете го првиот телефон за да добиете целосен пристап до навигацијата, репродукцијата на музика и функциите за комуникација. Вториот телефон може да се поврзе истовремено за да започнувате или примате повици без користење на рацете.

Икона за Siri

Понесете ја Siri со вас кога патувате

Поврзете го вашиот уред со iOS за да ја контролирате музиката што е зачувана во него, навигацијата, пораките и многу повеќе со помош на Siri Eyes Free.

Икона за гласовна контрола

Гласовна контрола за Android

Користете гласовна контрола за да добиете насоки, да праќате пораки и да репродуцирате песни од вашиот паметен телефон со Android.

Контрола со говор

Уживајте во практичните функции на паметниот телефон без да ги тргнете очите од патот. Гласовната контрола ви овозможува да ја контролирате музиката, да добивате насоки во реално време и да комуницирате со контактите - сето тоа со едноставни гласовни команди.

Надополнете го секое патување со одличен звук

Без разлика каде одите, уживајте во јасен и природен звук што се одликува со можно засилување и прилагодливи поставки за звук.

  • Засилувач со голема моќ 
  • EXTRABASS™
  • Графички еквилајзер
  • Три предзасилувачи

Изберете ги вашите бои

Избор од 35.000 бои за усогласување на двозонското осветлување со ентериерот на вашиот автомобил. Кога ќе започне музиката, светилките на LED екранот ќе почнат да трепкаат според песната.

Икона за FLAC

Репродуцирајте FLAC датотеки

 Компатибилноста со FLAC ви овозможува репродукција на аудио датотеки без загуби за да уживате во сите детали на музиката.

Икона за USB приклучок

USB приклучок компатибилен со AOA 2.0

Предниот USB приклучок овозможува поврзување музички плеери преку кабел, како и телефони со Android и iOS.

Икона за LCD екран со голем контраст

Лесно читање од LCD екранот со голем контраст 

Со пет пати поголем контраст од стандардните екрани и оптимизиран агол на гледање, читањето од екранот е секогаш лесно.  

Спецификации и функции
Добијте двојно повеќе опции за поврзување и бои во автомобилот со CD ресиверот MEX-N5200BT со Bluetooth. Двојната Bluetooth® врска ви овозможува безжично поврзување на два паметни телефони, од кои вториот ќе се користи само за повици без користење на рацете. Двозонското осветлување ви нуди избор од 35.000 бои за да го усогласите со ентериерот на вашиот автомобил.
  • Artboard 1

    Двојната Bluetooth® врска ви овозможува да поврзете два паметни телефони истовремено

  • Гласовна контрола преку Siri Eyes Free и Android

  • Засилувачот со голема моќ нуди јасен и природен звук

  • Двозонското осветлување може да се усогласи со боите на ентериерот на автомобилот

  • USB приклучокот компатибилен со AOA 2.0 ви овозможува да поврзете музички плеери и паметни телефони

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина