Прескокни до содржина
Слика од Медиумски приемник со безжична технологија BLUETOOTH®
Слика од Медиумски приемник со безжична технологија BLUETOOTH®
Слика од Медиумски приемник со безжична технологија BLUETOOTH®
Слика од Медиумски приемник со безжична технологија BLUETOOTH®

Целосна контрола во автомобилот

Со CD приемникот MEX-N5100BT вие ја поседувате контролата. Благодарение на широкиот опсег на нови функции за гласовна контрола, можете да останете фокусирани и да одржувате контрола зад воланот. Проследувајте ја музиката од одредени паметни телефони со NFC и Bluetooth® и гледајте како светлата на контролната табла се синхронизираат со ритамот на музиката.

Погледнете го видео записот

Dynamic Reality Amp 2 со можност од 4 x 55 W

Dynamic Reality Amp

Dynamic Reality Amp 2 со моќност од 4 x 55 W нуди дополнителни подобрувања – поголема моќ за секоја песна.

NFC

Поврзете се

Воспоставете врска со еден допир преку NFC и веднаш започнете да проследувате музика од одредени паметни телефони, преку вашиот приемник.

Контролирајте сè со вашиот глас

Од составување текстуални пораки или пребарување на вашата музичка збирка, па до активирање на сателитската навигација – сето тоа ќе биде безбедно благодарение на многубројните технологии за гласовна контрола кај MEX-N5100BT.

Испорачан надворешен микрофон

Кристално јасни повици

Разговарајте појасно со висококвалитетниот надворешен микрофон. Прикачете го на контролната табла и зголемете го квалитетот на звукот на вашиот глас. Разговорите ќе бидат појасни, дури и во бучен сообраќај.

Siri Eyes-Free

Вашиот помошник во автомобилот

Корисниците на iPhone можат да управуваат со сè, почнувајќи од повици, пораки и музика до известувања за социјалните медиуми со Siri Eyes Free.

SongPal

Обединете ја вашата музика

Преземете ја контролата врз целата музичка збирка. Со SongPal можете да ја пронајдете песната која ја барате и да разгледувате апликации со помош на вашиот глас.

Останете во контакт

Дозволете му на MEX-N5100BT да ви ги прочита вашите е-пораки на глас, а потоа составете го вашиот одговор вокално, за да бидете во чекор со случувањата без да си го одвлечете вниманието од патот.

Исчитување пораки
Гласовна контрола на GPS уредот

Кажете каде сакате да одите

Покажете ѝ на сателитската навигација кој е главен. Гласовната контрола на GPS уредот ќе ви овозможи да ја изговорите вашата дестинација, така што нема потреба да застанувате и да трошите време за пишување со тастатурата.

Побрзи начини за поврзување

Автоматското впарување преку Bluetooth® и слушањето со еден допир преку NFC ви нудат повеќе начини за брзо поврзување со вашиот приемник.

NFC

NFC со еден допир

Поврзете одредени уреди кои поддржуваат NFC со приемникот со еден допир, благодарение на вградената технологија NFC.

Автоматско впарување преку Bluetooth®

Автоматско впарување преку Bluetooth®

Впарете го вашиот iPod или iPhone автоматски преку Bluetooth®. Само поврзете го вашиот уред во USB приклучокот, вклучете Bluetooth® на уредот и тоа е сè.

  • Портокалово осветлување
  • Осветлување во електрично сина боја
  • Црвено осветлување
  • Сино осветлување

Уникатен и единствен звук

Тридимензионален звук кој го исполнува автомобилот

Без разлика што слушате, напредниот процесор за звук нуди јасна и моќна акустика за да можете да слушнете сè како што треба да звучи. А со процесорот за подобрување на дигитален звук, пак, можете да го прилагодите звукот и да создадете совршено аудио доживување во автомобилот од сите ваши музички извори.

Чувствувајте ги громогласните ритами

Активирајте Mega Bass со едно кликнување

Активирајте Mega Bass со допир на копче за засилување на ниските тонови и осветлување кое пулсира според ритамот. За разлика од стандардните засилувачи на бас, Mega Bass го минимизира изобличувањето и создава балансиран бас при сите нивоа на јачина со автоматско прилагодување на фреквенцијата и засилувањето.

Mega Bass

Звук кој го исполнува автомобилот во секое време

Прелистајте ги сликите на левата страна за да видите како функцијата за позиција на слушање автоматски го прилагодува аудио сигналот во автомобилот, за да добиете оптимално звучно доживување, без разлика каде седите Вие или вашите патници.

Префинет звук

Подобрете ги омилените песни со Sony, со помош на нашите технологии кои се дизајнирани да извлечат максимум од секоја песна.

Dynamic Reality Amp 2

Dynamic Reality Amp 2

Нуди моќност од 4 x 55W за гласни и природни звуци со помало изобличување.

Дигитален еквалајзер

Дигитален еквалајзер со 10 режими

Создадете совршен звук за повеќе музички стилови со десетте наменски режими за звук. Можете да управувате дури и со однапред поставените станици преку вашиот паметен телефон со Bluetooth®.

Нископропусен и високопропусен филтер

Нископропусен и високопропусен филтер

Со разделување на опсегот на звукот, овие филтри создаваат моќен бас, јасни средни и остри високи тонови за добивање прецизно звучно поле.

Засилете го басот

Звучниците од серијата FB од Sony се совршени партнери за приемникот MEX. Звучниците со Mega Bass нудат амбиентален и прецизен бас преку вуферот од целуларни влакна засилени со мика кој не дозволува изобличувања при секоја јачина на звукот, благодарение на големата приемна моќност.

Најсоодветни звучници за бас
Спецификации
Прилагодете ја контролната табла со медиумскиот ресивер за во автомобил MEX-N5100BT. Со 2-зонско динамичко осветлување во боја добивате избор од 35.000 варијанти на бои за осветлување на ресиверот. Тие се синхронизираат со ритамот на музиката – која може безжично да ја проследувате преку Bluetooth® со NFC врска со еден допир.
  • Проследувајте музика од одредени паметни телефони со NFC™ и Bluetooth®

  • Уживајте во сигурна гласовна контрола со Siri Eyes Free на вашиот iPhone

  • DSEE го обновува квалитетот кај компресираните фајлови

  • Поставете го осветлувањето на контролната табла со 2-зонско динамичко осветлување во боја

  • Проследувајте и контролирајте преку вашиот паметен телефон со SongPal

Излезна моќност (4 ohms, 1 kHz,16 V)
55W
Излез за предзасилувач
x 3
Излез за сабвуфер
Да
Помошен влез
Да (предна страна)
USB
Да (предна страна)

Што има во пакетот

Приклучок ISO, Приклучок за антена (JASO), Украсен прстен (црн)

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина