Слика од MEX-N4300BT | CD-приемник
Слика од MEX-N4300BT | CD-приемник
Бидете поврзани додека возите

Приемник со CD, стандардна големина и поврзување преку двоен BLUETOOTH®

Разговарајте додека возите со двојниот Bluetooth® на MEX-N4300BT. Поврзете го првиот телефон безжично за да репродуцирате музика, да добивате насоки и да комуницирате со контактите. Поврзете втор телефон за да воспоставувате и одговарате на повици без користење на рацете од двата телефони.

Дополнителни звучници
Уживајте во моќен звук

Вградениот засилувач од 4x55 W нуди репродукција на чист звук со голема јачина.  

Икона за технологијата Bluetooth®
Безжична технологија BLUETOOTH®

Воспоставувајте повици без користење на рацете и проследувајте музика безжично од паметниот телефон преку Bluetooth®-врска.

Икона за гласовна контрола
Контролирајте со вашиот глас

Користете гласовни команди за да добиете насоки, да репродуцирате музика и да комуницирате со контактите кога е поврзан вашиот паметен телефон.

Поврзете два паметни телефони преку двојниот Bluetooth®

Впарете го првиот телефон преку Bluetooth® за да добиете целосен пристап до навигацијата, репродукцијата на музиката и функциите за комуникација. Вториот телефон може да се поврзе истовремено за да започнувате или примате повици без користење на рацете.

Понесете ја Siri со вас кога патувате

Поврзете го вашиот уред со iOS за да ја контролирате неговата музика, навигација, пораки и многу повеќе со помош на Siri Eyes Free.

Гласовна контрола за Android

Користете гласовна контрола за да добиете насоки, да праќате пораки и да репродуцирате песни од вашиот паметен телефон со Android.

Контрола со говор

Уживајте во практичните функции на паметниот телефон без да ги тргнете очите од патот. Гласовната контрола ви овозможува да ја контролирате музиката, да добивате насоки во реално време и да комуницирате со контактите - сето тоа со едноставни гласовни команди.

Надополнете го секое патување со одличен звук

Без разлика каде одите, уживајте во јасен и природен звук што се одликува со можно засилување и прилагодливи поставки за звук.

Засилувач со голема моќ за богат и јасен звук

Вградениот засилувач со четири канали нуди моќ од 4x55 W за гласен и природен звук.

Слика од микрочип
Слика од човек кој притиснува копче на MEX-N4300BT на контролата табла
EXTRA BASS™ го засилува ритамот

Нагласете ја динамиката во вашата музика со подобрени ниски фреквенции од EXTRA BASS.

10-појасен дигитален еквалајзер што го прилагодува звукот

Со 10-те прилагодливи лизгачи за EQ може детално да го прилагодувате звукот по ваша желба. Новиот режим за караоке ги стишува вокалите во песните кога навистина сакате да пеете.

Слика од паметен телефон на кој се прикажува 10-појасен дигитален еквалајзер
Ноќна слика од екранот во боја на MEX-N4300BT што е усогласен со контролната табла на автомобилот
Светилки кои светкаат според музиката

Штом музиката почне да се репродуцира, LED-светилките во повеќе бои ќе го осветлат ентериерот на автомобилот и ќе трепкаат според ритамот на песната.

Икона за FLAC
Репродуцирајте FLAC датотеки

Компатибилноста со FLAC ви овозможува репродукција на аудио датотеки без загуби за да уживате во сите детали на музиката.

Икона за LCD екран со голем контраст
Лесно читање од LCD екранот со голем контраст 

Со пет пати поголем контраст од стандардните екрани и оптимизиран агол на гледање, читањето од екранот е секогаш лесно.  

Спецификации и функции

Разговарајте додека возите преку двојната Bluetooth®-врска на MEX-N4300BT. Поврзете го првиот телефон безжично за да репродуцирате музика, да добивате насоки и да комуницирате со контактите. Поврзете втор телефон за да воспоставувате и одговарате на повици без користење на рацете и од двата телефони.
  • Приемникот со CD и Bluetooth® ви овозможува да поврзете два паметни телефони истовремено

  • Гласовна контрола преку Siri Eyes Free и Android

  • Засилувачот со голема моќ нуди јасен и природен звук

  • Осветлувањето кое е синхронизирано со звукот трепка според музиката

EXTRA BASS
Да (1,2)
DSO (Динамичен организатор на звучното поле)
Не
Излезна моќност
4 x 55 W
Излез за предзасилувач
Задни+Сабвуфер
Излез за сабвуфер
Да
AUX
Да (предна страна)
USB
Да (предна страна)
Протокол за пренос за USB медиуми
Да
Протокол Android Open Accessory преку USB
Да (2.0)

Што има во пакетот

Украсен прстен (ремен): Црна боја (необоено), Кутија за предна плоча, Надворешен микрофон: (Изборно: XA-MC10), Далечински управувач во вид на картичка: RM-X231, Упатство за употреба

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина