CD ресивер со безжична технологија BLUETOOTH®
CD ресивер со стандардна големина и поврзување преку двоен Bluetooth®
Разговарајте додека возите со двојниот Bluetooth на MEX-N4200BT. Поврзете го првиот телефон безжично за да репродуцирате музика, да добивате насоки и да комуницирате со контактите. Поврзете втор телефон за да воспоставувате повици без користење на рацете додека сте во движење.
Користете гласовни команди за да добиете насоки, да репродуцирате музика и да комуницирате со контактите кога е поврзан вашиот паметен телефон.
Технологијата NFC овозможува моментално поврзување на вашиот телефон со Bluetooth, треба само да го допрете до копчето за јачина на звук на ресиверот.
Вградениот засилувач од 4x55 W нуди репродукција на чист звук со голема јачина.
Впарете го првиот телефон за да добиете целосен пристап до навигацијата, репродукцијата на музика и функциите за комуникација. Вториот телефон може да се поврзе истовремено за да започнувате или примате повици без користење на рацете.
Уживајте во практичните функции на паметниот телефон без да ги тргнете очите од патот. Гласовната контрола ви овозможува да ја контролирате музиката, да добивате насоки во реално време и да комуницирате со контактите - сето тоа со едноставни гласовни команди.
Без разлика каде одите, уживајте во јасен и природен звук што се одликува со можно засилување и прилагодливи поставки за звук.
Вградениот засилувач со четири канали нуди моќ од 4x55 W за гласен и природен звук.
Нагласете ја динамиката во вашата музика со подобрени ниски фреквенции од EXTRABASS.
Со 10-те прилагодливи лизгачи за EQ може детално да го прилагодувате звукот по ваша желба. Новиот режим за караоке ги стишува вокалите во песните кога навистина сакате да пеете.
Предниот USB приклучок овозможува поврзување музички плеери преку кабел, како и паметни телефони со Android и iOS.
Штом музиката почне да се репродуцира, LED светилките во повеќе бои ќе го осветлат ентериерот на автомобилот и ќе трепкаат според ритамот на песната.
Компатибилноста со FLAC ви овозможува репродукција на аудио датотеки без загуби за да уживате во сите детали на музиката.
Со пет пати поголем контраст од стандардните екрани и оптимизиран агол на гледање, читањето од екранот е секогаш лесно.