Слика од CD ресивер со BLUETOOTH®
Слика од CD ресивер со BLUETOOTH®
Слика од CD ресивер со BLUETOOTH®
Слика од CD ресивер со BLUETOOTH®

Контролирајте го звукот што го исполнува автомобилот

Уживајте во едноставна контрола и длабок и јасен звук во автомобилот. Музиката, навигацијата, пораките и функциите за повици се лесни за користење благодарение на новиот и подобрен интерфејс и гласовната контрола. EXTRA BASS™ и моќниот засилувач внесуваат енергија во секоја песна.

Икона за NFC на MEX-GS820BT

Впарување на едноставен начин

NFC овозможува моментално поврзување на вашиот телефон со BLUETOOTH®. Треба само да го допрете копчето за јачина на звук за едноставно впарување.

Икона за гласовна контрола на MEX-GS820BT

Контролирајте со вашиот глас

Користете гласовни команди за да добиете насоки, да репродуцирате музика и да комуницирате со контактите во вашиот паметен телефон.

Икона за 4 x 100 W на MEX-GS820BT

Засилувач со голема моќ

Вградениот засилувач со четири канали ви нуди ниво на моќ што досега било достапно само кај надворешните засилувачи.

Двојно повеќе поврзани уреди

Впарете еден телефон со Bluetooth® за да добиете пристап до навигацијата, репродукцијата на музика и функциите за комуникација. Поврзете втор телефон за да започнувате или примате повици без користење на рацете.

Икона за гласовна контрола на MEX-GS820BT

Гласовна контрола за Android

Користете гласовна контрола за да добиете насоки, да праќате пораки и да репродуцирате песни од вашиот паметен телефон со Android.

Икона за гласовна контрола на MEX-GS820BT

Понесете ја Siri со вас кога патувате

Поврзете го вашиот уред со iOS за да ја контролирате музиката, навигацијата, пораките и многу повеќе преку Siri Eyes Free.

Чист звук што го исполнува автомобилот

Уживајте во подлабок звук што изгледа како да доаѓа директно кон вас благодарение на Dynamic Stage Organiser, EXTRA BASS™ и соодветни XB звучници. Направете беспрекорен систем за звук во автомобилот преку трите излези за предзасилувач од 5V и надворешни засилувачи.

  • DSO
  • EXTRA BASS
  • Соодветни звучници
  • Три предзасилувачи

Возење со моќен звук

Засилувач од 4 x 100 W

Вградениот засилувач од класа D нуди огромна моќ со минимални пречки за да добиете кристално чист звук дури и при најголема јачина.

Електронски кола и компоненти на ресиверот на MEX-GS820BT

Оптимизирани за совршенство

Вградениот засилувач од класа D нуди огромна моќ со минимални пречки за да добиете кристално чист звук дури и при најголема јачина.

Електролитички кондензатори и напојување на ресиверот на MEX-GS820BT

Прецизно поставување на напојувањето

Поставувањето на напојувањето блиску до влезовите и засилувачот ги минимизира загубите на енергија, а електролитичките кондензатори овозможуваат прецизен бас со брз одзив.

Ладилник на ресиверот на MEX-GS820BT

Вентилација на топлина

Преголемиот ладилник со оптимално дизајнирана структура на ребра овозможува ефикасна вентилација на засилувачот.

Светилки што се синхронизираат со ритамот

Чувствувајте се како во ноќен клуб додека возите. Екранот и уредот светат во различни бои, а потоа се синхронизираат со ритамот на вашата музика.

Осветлен MEX-GS820BT MEX-GS820BT ноќе

Репродуцирајте повеќе музика

USB приклучок компатибилен со AOA 2.0

Поврзете го вашиот паметен телефон или музички плеер преку USB за да репродуцирате музика од сите ваши апликации, контролирајќи ги лесно преку телефонот.

Икона за волан на MEX-GS820BT

Менувајте песни преку воланот

Поставувајте основни контроли за звукот на едноставен начин преку воланот без конвертор за сигнали, кај компатибилните возила.

Лого за FLAC на MEX-GS820BT

Репродуцирајте FLAC датотеки

 Компатибилноста со FLAC ви овозможува репродукција на аудио датотеки без загуби за да уживате во сите детали на музиката.

Спецификации и функции
Уживајте во едноставна контрола и длабок и јасен звук во автомобилот. Музиката, навигацијата, пораките и функциите за повици се лесни за користење благодарение на новиот и подобрен интерфејс и гласовната контрола. EXTRA BASS™ и моќниот засилувач внесуваат енергија во секоја песна.
  • Поврзувањето преку двоен Bluetooth® ви овозможува да поврзете два паметни телефони истовремено

  • Гласовна контрола преку Siri Eyes Free и Android

  • Засилувачот со голема моќ нуди јасен и природен звук

  • Направете виртуелни звучници пред вас со Dynamic Stage Organiser

  • Двата USB приклучоци компатибилни со AOA 2.0 ви овозможуваат да репродуцирате музика од апликации за паметни телефони

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина