Медиумски приемник со двојна големина и поврзување преку двоен BLUETOOTH®
Разговарајте додека возите преку двојниот Bluetooth®. Слушајте моќен звук додека патувате, а апликацијата Sony | Music Center и 3-линискиот LCD-екран со голем контраст ќе ви овозможат лесно и непречено ракување, вклучувајќи и гласовна контрола за различни функции.
Трите излези од предзасилувачот овозможуваат поврзување надворешни засилувачи за да добиете систем со уште поголема моќ.
Уживајте во безжично проследување на звук и повици без користење на рацете.
Користете гласовни команди за да добиете насоки, да репродуцирате музика и да комуницирате со контактите кога е поврзан вашиот паметен телефон.
Впарете го првиот телефон преку Bluetooth за да добиете целосен пристап до навигацијата, репродукцијата на музиката и функциите за комуникација. Вториот телефон може да се поврзе истовремено за да започнувате или примате повици без користење на рацете.
Уживајте во практичните функции на паметниот телефон без да ги тргнете очите од патот. Гласовната контрола ви овозможува да ја контролирате музиката, да добивате насоки во реално време и да комуницирате со контактите - сето тоа со едноставни гласовни команди.
Уживајте во јасен и природен звук што се одликува со моќно засилување и прилагодливи поставки.
Динамичкото осветлување во боја нуди голем избор на бои и режими кои одговараат на ентериерот во вашиот автомобил. Гледајте како боите на вашиот уред се менуваат во синхронизација со вашата музика.
Компатибилноста со FLAC ви овозможува репродукција на аудио датотеки без загуби за да уживате во сите детали на музиката.
Предниот USB-приклучок може да репродуцира песни од мемориски уреди, музички плеери и телефони со iOS, а може и да проследува музика од уреди со Android.
Со пет пати поголем контраст од стандардните екрани и оптимизиран агол на гледање, читањето од екранот е секогаш лесно.
Репродуцирајте музика од вашите уреди со iOS на едноставен начин. Приклучете го уредот со USB-кабел и контролирајте ги основните функции за репродукција и гледајте информации за песните на екранот.
Нашиот 3-линиски екран со голем контраст овозможува лесно читање независно каде седите. Вртливото копче ви нуди едноставна контрола на музиката и многу повеќе.
Спецификации и функции
Што има во пакетот
Надворешен микрофон, Испорачан безжичен далечински управувач, Гарантен лист