Што е специјално на IFA 2018

Погледнете како нашите најнови производи ќе ја направат забавата што ја сакате да звучи пореална, да изгледа природна и да биде повозбудлива. #SonyIFA

Усовршена реалност

Ние сме посветени во дизајнирањето телевизори што ја отсликуваат замислата на креаторот. Телевизорите MASTER ги исполнуваат критериумите на нашите инженери и реално ги прикажуваат сликите. Креаторите можат да бидат креативни и да видат како нивната визија се репродуцира во домот. 

WH-1000XM3

САМО МУЗИКА. НИШТО ДРУГО.

Слушалките WH-1000XM3 ви овозможуваат уште повеќе да се задлабочите во тишината со нашето подобрено поништување на шум што е водечко во индустријата и со паметното слушање кое се прилагодува на ситуацијата.

WF-SP900

Музика што ве носи чекор подалеку

На патека, во базен или во океан, слушалките WF-SP900 ви нудат сè што ви е потребно за да се надминете себеси. Потполно безжичниот дизајн и вградената меморија од 4 GB ви овозможуваат да слушате каде и да сте.

SRS-XB01

Компактен дизајн, моќен звук

Додајте ѝ бас на вашата омилена музика со овој забавен звучник кој нуди неверојатен звук и покрај својата големина.

FES WATCH U

Следете го времето на ваш начин 

Однесете ја модата на повисоко ниво со FES Watch U. Флексибилната е-хартија со активна матрица во лицето и ременот на часовникот ви овозможува да го менувате вашиот часовник со притиснување на едно копче.

Xperia XZ3

Гледајте. Слушајте. Чувствувајте.

Избегајте му на секојдневието и влезете во својот свет на забавата со Xperia XZ3. На располагање ви се HDR OLED-екран, стерео звучници и систем за динамички вибрации во неверојатно тенок дизајн без рамки.

Погледнете ја нашата презентација на IFA 2018

Погледнете ги најновите производи и иновации што му ги претставуваме на светот.

Sony на IFA 2018: прес-конференција

Нашата страница за печат ви нуди вести, прегледи и коментари од IFA 2018.

Откријте го My Sony

Бидете во тек со сите новости од Sony со тоа што ќе направите My Sony сметка.