Сите спецификации и функции
Централен звучник
- Вид на куќиште на централен звучник
- Бас рефлекс
- Завршна обработка на централен звучник
- Ткаенина (решетка), PP лист (куќиште)
- Максимална влезна моќност на централниот звучник
- 145W
- Централен звучник - име на модел
- SS-CS10C
- Централен звучник - номинална импеданса
- 6 оми
- Систем со централен звучник
- 1-системски, систем со 2 звучници
Преден звучник
- Вид на куќиште на преден звучник
- Бас рефлекс
- Завршна обработка на преден звучник
- Ткаенина (решетка), PP лист (куќиште)
- Максимална влезна моќност на предниот звучник
- 145W
- Преден звучник - име на модел
- SS-CS3
- Преден звучник - номинална импеданса
- 6 оми
- Преден звучник - систем
- 3-системски, систем со 4 звучници
- Влезен приклучок на преден звучник
- Вид на навртување
- Димензии на преден звучник (Ш x В x Д)
- 230 x 922 x 260 мм
Општи карактеристики
- Централен звучник
- 1
- Фреквентен одзив
- 45Hz-50KHz
- Преден звучник
- 2
- Опкружувачки звук
- 2
Големина и тежина
- Димензии (Ш x В x Д)
- 1163 x 547 x 372 мм
- Тежина
- 29,5 кг
Опкружувачки звучник
- Опкружувачки звучник - име на модел
- SS-CS10S
- Опкружувачки звучник - систем
- 1-системски, систем со 1 звучник
- Вид на куќиште на опкружувачки звучник
- Бас рефлекс
- Завршна обработка на опкружувачки звучник
- Ткаенина (решетка), PP лист (куќиште)
- Максимална влезна моќност на опкружувачкиот звучник
- 145W
- Опкружувачки звучник - номинална импеданса
- 6 оми
- Димензии на опкружувачки звучник (Ш x В x Д)
- 96 x 171 x 113 мм
Опции на бои
Функции
Совршен партнер за вашиот систем за домашно кино
Откријте го значењето на прекрасна забава. Овој комплет звучници е одличен за вашиот систем за домашно кино, со моќни подни звучници кои внесуваат реалистичност во филмовите и музиката и дискретни звучници за одличен опкружувачки звук.
Подобрете го доживувањето при гледањето со 5 звучници за опкружувачки звук
Слушајте ги сите звуци со природна длабочина и исклучителна јасност. Овој комплет звучници за домашно кино е составен од два подни звучници, два сателитски звучници и еден мал централен звучник кои ќе ја исполнат вашата просторија со звук. Предните звучници се одликуваат со два MRC вуфери, супер високотонец и високотонец со мека купола, поради што се одлични за гледање филмови и слушање музика.
Супер високотонец за неверојатно високи тонови
Уживајте во беспрекорни високи тонови за музика или дијалози. WD супер високотонците вградени во предните звучници создаваат широко звучно поле кое го задржува својот квалитет низ целата просторија. Нотите со висока фреквенција се репродуцираат со јасен и детален звук со висока резолуција, за да можете да уживате во извонреден звук без разлика каде седите.
Целуларен конус засилен со мика за звук без изобличувања
Уживајте во помоќни и почисти ниски тонови. Многу звучници користат конуси од хартија кои низ времето се извиткуваат и деградираат, што доведува до изобличување на звукот. Вуферите од целуларни влакна засилени со мика (MRC) се цврсти и ја задржуваат својата форма дури и при движење со голем притисок и брзина, така што можете да го засилите басот без загуби во квалитетот на звукот.
Приклучоци од висока класа за чист звук
Слабото поврзување помеѓу компонентите може да има значајно влијание врз севкупниот квалитет на звукот. Нашиот комплет звучници за домашно кино се одликува со приклучоци од висока класа за намалување на изобличувањата за да уживате во музиката со детали какви што заслужува.