Негативен простор
Ви прикажуваме што се крие зад врвниот звук. Дознајте ги ексклузивните приказни за инспирацијата на дизајнот.
На моќните забави им е потребен моќен систем за звук. Со Sound Pressure Horn, MHC-V7D обезбедува звук со јачина од 1550 W (1440 W RMS, 105,5 dB SPL) од вертикална кутија со дизајн кој заштедува простор. Внесете свој елемент во забавата со забавната контрола со гестикулации - променете го LED осветлувањето на звучникот, користете диџеј ефекти или прескокнете ја песната со едно едноставно движење.
Засилете ја целата ваша музика со звук од 1550 W.
Конусниот вуфер од 25 см (9,8”) нуди извонредни ритми со огромен бас.
Уживајте во систем со моќен звук од една кутија со вертикален и компактен дизајн.
Нашата енергетски ефикасна технологија Sound Pressure Horn создава поголем акустички притисок при помала излезна моќност - тоа е подобро и за звукот и за опкружувањето.
Процесор за подобрување на дигитален звук (DSEE)
DSEE ја подобрува компресираната дигитална музика (MP3, ACC, ATRAC и WMA). Ги обновува високите и ниските звуци кои се губат при компресирањето, репродуцирајќи богат звук кој е сличен со CD квалитетот.
Уживајте во лесна контрола со гестикулации
Прилагодувајте ги песните на вашата забава со забавната функција за контрола со гестикулации. Прескокнувајте песни, прилагодувајте ја јачината на звукот и користете диџеј и светлосни ефекти - сето тоа со движење на раката.
Направете реалистична атмосфера за танцување на забавата со живописните LED светилки на звучниците во разни бои. MHC-V7D се одликува со светилки во звучниците кои проектираат светлина на вашиот таван, ѕид или под. Изберете шаблон со линии или точки кој ќе се синхронизира со ритамот на музиката.
Репродуцирајте ги омилените песни и листи за репродукција од одредени паметни телефони преку MHC-V7D. Користете NFC поврзување со еден допир за да воспоставите Bluetooth® врска и веднаш започнете да проследувате.
Преземете ја апликацијата Fiestable за да ги контролирате светилките на звучниците, додавајте диџеј ефекти, уживајте во гласовна репродукција или, пак, прескокнете до следната песна - сето тоа преку паметниот телефон.
Натерајте ги сите да танцуваат со одличните функции за забава. Бидете креативни со големиот избор на диџеј ефекти - од распространување на звукот и изолирање на вокали до додавање звучни ефекти и WAH, како и ефекти на семплирање и скречување. Со Party Chain (проследување забава), можете да поврзете и синхронизирате повеќе системи со аудио кабли за да добиете помоќен звук.
Организирајте караоке битки за паметење со двата приклучоци за микрофон и големиот број функции, вклучувајќи режим за караоке PON кој ги стишува вокалите на CD дискот за да можете да пеете.
Уживајте во омилените DVD филмови со MHC-V7D
Благодарение на вградениот DVD плеер, можете да ги погледнете сите ваши омилени филмови на едноставен начин. Поврзете го системот со вашиот телевизор и оптимизирајте го звукот со трите поставки за подобрување.
Едноставно вклучете ја функцијата MEGA BASS и подобрете ги вашите песни и омилени динамични сцени.
Подобрете ги природните амбиентални звуци на спортските настани кои ги гледате со режимот за фудбал. Можете дури и да го намалите гласот на коментаторот и да се чувствувате како дел од публиката.
Слушајте музика со неверојатна острина со ClearAudio+. Ова е колекција на технологии за звук од Sony кои ја оптимизираат репродукцијата на целата ваша музика.
Цел свет на музика во вашите раце
Апликацијата SongPal ви нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Само инсталирајте ја на вашиот мобилен телефон и преземете ја контролата врз репродукцијата на музика, поставувањата на уредот и многу повеќе - сето тоа преку една апликација.
Апликација SongPal
Достапно за iOS и Android
Два USB приклучоци и CD плеер отпорен на прав
Лесно копирајте и префрлувајте песни од CD на USB уред или од еден USB уред на друг без да користите компјутер. Можете да ги репродуцирате омилените MP3 песни, да ги доживеете одново вашите стари CD дискови или да направите листа за репродукција.
Без разлика дали гледате или играте, со поврзување на MHC-V7D со вашиот телевизор, конзола за игри и други уреди, ќе можете да ги засилите сите звуци.
Слушајте ги омилените емисии или настапи на диџеи во живо со FM радиото.
Ви прикажуваме што се крие зад врвниот звук. Дознајте ги ексклузивните приказни за инспирацијата на дизајнот.
Што има во пакетот
Кабел за наизменична струја, FM антена, Батерија (AAA/манган), Далечински управувач (RMT-AM120U)