АУДИОСИСТЕМ СО ГОЛЕМА МОЌ MHC-V73D

Сите спецификации и функции

MHC-V73D

Функции

CD
Да
DVD
Да
USB1
Да
FM
Да
Аудио влез 1
Да (мини стерео)
TV
Да (HDMI), (АУДИО ВЛЕЗ)
Функција за Bluetooth®
Да (функција iAP преку Bluetooth®)

Влезови и излези

Аналоген аудио влез
1
HDMI® излез
1
USB влез
1
Влез за микрофон
2 (еден приклучок за 6φ / гитара - МИКРОФОН 2 / ГИТАРА)

Функции на звук

Музички еквалајзер
МУЗИКА (еквалајзер според емоции)
Еквалајзер за латино музика
-
Режим за фудбал
ДА (ИСКЛУЧЕНО / ВКЛ. раскажување / ИСКЛ. раскажување)
Видео EQ
ФИЛМ / ИГРИ / ДРАМА / ВЕСТИ
Режим FIESTA
Да
Функција за засилување на басот
MEGA BASS
DSEE дигитално подобрување на звукот
DSEE (АВТОМАТСКИ)
Party Chain(жично)
Не
Безжично проследување забава преку Bluetooth®
Да
Функција за додавање звучник (Bluetooth® FUNCTION)
Не
ClearAudio+
Да

Опкружувачки звук

Dolby® Digital
Да
Кино простор/опкружувачки звук
-/Да

Забава со звук

Звучни ефекти
Да
Изолатор
Да
Распространување
Да
Wah
Да
Семплер
Да (гребнатини и друго)
TAIKO
Да

Ефект на осветлување

Светилка во звучникот
Да (сина боја за вуфер и среднотонец)
Светло за забави
Да (светилки за забава од 360°, лак: темна сина / небесна сина / зелена, лента: различни бои)

Караоке

Регулирање на јачината на вокалот
Да
Контрола на копчиња
Да
Бодување
Да
Микрофон јачина на звук
Да
Ехо
Да
Вокален водич
Да (само апликации)
Промена на глас
Да

Практични функции

Контрола со гестикулации
Да (вертикална и хоризонтална насока)
Тајмер за заспивање
Да
Излез за полнење преку USB приклучок
1A
Копчиња на допир
Да (горниот панел е отпорен на прскање)
USB СНИМАЊЕ
Да

Потрошувачка на енергија

Потрошувачка на енергија (во режим на подготвеност)
0.5W

Безжично поврзување

Впарување со NFC со еден допир
Да

Функција за Bluetooth®

LDAC
Да
AAC
Да
A2DP(приемник)
Да
AVRCP
Да (вер. 1.3)
SPP
Да

Апликација

Компатибилни апликации за паметни телефони
Да (Sony | Music Center и Fiestable)

Спецификации на приемник

Појас
FM / DAB
RDS
Да
Надворешна антена
-
Опсег на поставување (FM)
87,5-108 MHz / 50 kHz
Меморирани канали
FM 20 / DAB 20

Општо

Заклучување на местото за поставување
Да
Заклучување за деца
Да
Заклучување за забави
Да
Рачка за носење
Да (назад и странично)
Тркалца
Да

Дискови кои можат да се репродуцираат (аудио)

CD
Да
CD-R
Да
CD-RW
Да
8см диск (CD)
Да
8см диск (DVD)
Да

Дискови кои можат да се репродуцираат (видео)

DVD
Да
DVD+R
Да
DVD-R
Yes
DVD+R DL
Да
DVD+RW
Да
DVD-RW (видео)
Да
VCD
Да

Формати на репродукција (податоци)

MP3
Да
Xvid
Да
Mpeg4 *едноставен профил
Да (поддршка и за MPEG1)

Спецификации на звучниците

Звук 360 (високотонец на задната страна)
Да
Распространувачки генератор на звук
Не
Врвно засилување на басот
Да

Спецификации на преден звучник

Високотонец
4 см x4 (високоефикасна хорна)
Среден опсег
8 см x2 (високоефикасна хорна на предната и задната страна)
Бас
30 см x 1

Главен уред

Димензии на главен уред (ШxВxД см)(прибл.)
428 x 921 x 370 мм
Тежина (кг)(прибл.)
21,2 кг

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
недостапно
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
0.5W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
2,0 W (HDMI CEC) / 2,0 W (функција Bluetooth®) / 2,0 W (сите приклучоци и мрежи поврзани)
Режимот на подготвеност е активиран
По 15 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 15 минути (HDMI CEC) / 15 минути ( функција Bluetooth®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
Задржете врз копчињата MEGA BASS и MIC/GUITAR LEVEL + на системот приближно 3 секунди.

Што има во пакетот

  • Антена(и): FM антена
  • Далечински управувач:
Placeholder

Функции

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Повеќенасочен звук за забава со поголема моќ за најдобри забави

Со повеќенасочниот звук за забава, создаден од високоефикасните високотонци и среднотонци, вашата музика ќе се распространи подалеку и пошироко, на двете страни од уредот. Гостите ќе уживаат во истиот звук без разлика каде стојат.

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Четири високоефикасни високотонци ќе ја исполнат просторијата со звук

Четирите високоефикасни високотонци со хорна завртени нагоре, по два на предната и задната страна, го прошируваат звучното поле и го зголемуваат нивото на звучниот притисок за да го распространат звукот насекаде во просторијата што ќе ја изберете.

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Високоефикасни среднотонци за подобри вокали

Високоефикасните среднотонци на предната и задната страна, што содржат среднотонци во вид на хорна, го распределуваат звукот со поголема острина и звучен притисок за подобрување на фреквенциите од среден опсег. Тоа значи дека независно дали стоите пред или зад уредот, блиску или далеку од него, ќе уживате во појасни вокали додека танцувате или ги пеете омилените песни.

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Почувствувајте го ритамот од голема оддалеченост со JET BASS BOOSTER

Каналот со стеснување за рефлективен бас го концентрира протокот на воздух за басот, за да можете јасно да го слушате и чувствувате, без разлика каде сте во толпата луѓе и на колкава оддалеченост. 

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

ЗВУК ВО ЖИВО

Технологијата DSP создава атмосфера како на фестивал преку збогатување на вашата музика со реалистичен амбиент како на фестивалите и концертите во живо.

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

DSEE автоматски ги обновува деталите кај дигиталната музика

Зголемете го квалитетот на вашите компресирани музички датотеки. Кога оригиналниот музички извор е компресиран, тој ги губи високофреквентните елементи што внесуваат детали во вашите омилени песни. Процесорот за подобрување на дигиталниот звук (DSEE) прецизно ги обновува тие елементи за да создаде висококвалитетен звук што е поблиску до оригиналната CD-снимка. 

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Повеќенасочни светилки за забава

Осветлете ја просторијата од подот до таванот со повеќенасочните светилки за забава. Генерирајте бранови во темно сина, светло сина и зелена боја со лента во повеќе бои, за да уживате во реалистична атмосфера како во ноќен клуб или на фестивал под отворено небо.

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Вертикална и хоризонтална контрола со гестикулации

Прескокнувајте песни, променете од „flanger“ во WAH, зголемете ја јачината на микрофонот за караоке, контролирајте го микрофонот и музиката или засилете ја јачината на звукот со вертикално или хоризонтално замавнување со дланката. Контролата со гестикулации ви овозможува брза и лесна контрола на функциите на MHC-V73D за да се забавувате без прекин. 

Диџеј ефектите ви овозможуваат да оставите сопствен белег на песните

Забавувајте ја публиката со ефектите за диџеи. Достапни се четири ефекти за вашата забава: ефектот Flanger создава ефект на длабок звук сличен на звукот на млазен авион, ефектот WAH автоматски ја поместува фреквенцијата на филтерот нагоре и надолу, ефектот Isolator издвојува одреден фреквентен опсег, а ефектот PAN го дистрибуира звукот помеѓу звучниците. Ефектите за диџеи може да ги користите преку апликацијата Fiestable и контролата со гестикулации, за уште полесно да ја изразите вашата креативност со листите за репродукција. 

Режим TAIKO

Свирете со урнеци од бонго, тарабука, сурдо и јапонскиот тапан Taiko, само со допирање врз горниот панел според ритамот.

Разбудете ја поп-ѕвездата во Вас

Забавувајте ги сите - со двата влеза за микрофони може да се натпреварувате со гостите во пеење на вашите омилени песни. Или, пак, Внесете доза на рокенрол во забавата со приклучување гитара во еден од влезовите и користете го системот како засилувач за гитара. Користете три режими - „Јасен“ за јасен звук, „Прекумерно засилување“ за изобличен звук на гитарата и „Бас“ за вашата бас-гитара. Достапни се и два држачи за микрофони за безбедно складирање на вашите микрофони кога ќе завршите со пеењето. 

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Режим за игри TAIKO и рангирање

Обидете се да држите ритам со режимот TAIKO Game. Допирајте и лизгајте со прстот врз горниот панел според трепкањето на светилките и погледнете кој ќе освои најмногу поени за време на забавата. Рангирањето во режимот TAIKO Game преку апликацијата Fiestable ќе ви овозможи да ги споредите вашите резултати со други играчи на интернет. Дали вашиот резултат ќе биде во најдобрите 10? 

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Ставете ја забавата во ваши раце со Fiestable

Забавната, интуитивна и практична апликација Fiestable нуди забавна контрола врз сите функции на MHC-V73D. За да ја користите апликацијата Fiestable, прво треба да ја преземете апликацијата Sony | Music Center. Потоа ќе можете да ја контролирате музиката, осветлувањето и многу повеќе, само со допирање на вашиот телефон или со вашиот глас.

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Пронајдете ја супер ѕвездата за пеење со рангирањето во караоке преку Fiestable 

Натпреварувајте се за да дознаете кој е кралот или кралицата за караоке на вашата забава со режимот за караоке со рангирање. А ако некој се пласира во 10-те најдобри, тогаш ќе може да го внесе своето име и насловот на песната во табелата со резултати.

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Управувајте со забавата од подиумот за танцување

Апликацијата Sony | Music Center овозможува контрола на музиката и поставките за звукот директно од вашиот телефон. Апликацијата Fiestable ви нуди контрола врз боите на светилките и ви овозможува да активирате режими за диџеи и караоке. Правете промени со замавнување на раката, благодарение на интуитивната контрола со движења. 

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Станете крал на забавата

Споделете статус за вашата забава на социјалните медиуми со само едно кликнување во апликацијата Fiestable. Потоа, засилете ја јачината на звукот за да ги развеселите сите и да станете вистински крал на забавата.

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Дозволете им на пријателите да направат листа со песни преку Fiestable

Сите можат да ги додаваат своите омилени песни во листата за репродукција преку апликацијата Fiestable. Дозволете им на гостите да додаваат песни складирани во нивните паметни телефони преку вашата Wi-Fi®-мрежа за непрекината забава.

NFC Bluetooth®

NFC™ со еден допир за брзо поврзување

NFC™ One-touch и функцијата Bluetooth® ги елиминираат потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Допрете го вашиот уред што поддржува NFC™ до MHC-V73D за брзо и беспрекорно поврзување, а потоа започнете со проследување на вашата музичка збирка. Немате NFC™? Нема проблем. Поврзете се преку функцијата Bluetooth® и тоа е сè. 

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Гледајте филмови со вградениот DVD плеер

Уживајте во возбудата од секоја сцена со моќен звук и звучен притисок што ќе ве внесат во центарот на случувањата. Претворете ја дневната соба во кино и приредувајте неверојатни филмски ноќи.

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Излезен приклучок HDMI™ за едноставно поставување

HDMI™-излезот (ARC) овозможува лесно поврзување на системот со вашиот телевизор. Гледајте телевизија и DVD-филмови на вашиот стандарден екран, а притоа уживајте во моќниот звук од звучниците на MHC-V73D.

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Слушајте повеќе со DAB+ 

Приемникот е компатибилен со DAB+ за да можете да ги носите омилените радиостаници со вас насекаде. 

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Уживајте во висококвалитетно проследување преку Bluetooth® со LDAC™

LDAC™ пренесува приближно трипати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос од 990 kbps) од стандардниот Bluetooth®-звук, за врвно уживање во безжичното слушање. 

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Контролен панел отпорен на прскање за долготрајност 

Горната површина на MHC-V73D е отпорна на прскање и лесно се чисти, така што ќе можете да продолжите со забавата цела ноќ дури и ако истурите пијалак. Достапно е и копче „Party Lock“ што ги блокира сите други копчиња во период од 30 секунди, за да можете да исчистите.

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Создаден за одлични забави

Тврдата надворешна пластика од сите страни на уредот и цврстите странични заштитници ја зголемуваат долготрајноста и преносливоста на MHC-V73D, независно каде се одржува забавата. 

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Навалете и тркалајте за лесно пренесување

Кога ќе посакате да го поместите MHC-V73D, фатете ја практичната рачка за носење и навалете го наназад. Цврстите тркалца ќе ви помогнат лесно да го однесете на забавата.

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Поврзувањето повеќе уреди им овозможува на повеќе луѓе да ја контролираат музиката 

Заедно со пријателите може да впарите најмногу три паметни телефони со MHC-V73D во исто време преку функцијата Bluetooth®. Така ќе можете да репродуцирате песни од сите ваши музички збирки и ќе имате уште поголем избор на музика. 

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

USB приклучокот овозможува приклучување и репродукција

Репродуцирајте песни складирани во USB-мемориски уред или направете листа за репродукција со можност за директно снимање од CD-кон-USB. Само поврзете го вашиот USB-мемориски уред во приклучокот PLAY / REC и ќе можете да ја збогатите следната забава со сите ваши омилени песни. 

Слика од Аудиосистем со голема моќ MHC-V73D

Подобрете ја забавата со дополнителни звучници

Уживајте во посилен звук со поврзување повеќе системи за звук преку Bluetooth®. Поврзете најмногу 50 компатибилни системи за звук со голема моќ и синхронизирајте ја музиката со осветлувањето.