HI-FI-СИСТЕМИ

Аудио систем V71D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

MHC-V71D
Слика од Аудио систем V71D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Аудио систем V71D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Аудио систем V71D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Аудио систем V71D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Аудио систем V71D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Аудио систем V71D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Музика, ритами и светилки

Слушајте јасен и моќен звук во секој агол за време на забавата и осветлете ја ноќта со светилките за забава од 360°. Потоа обидете се да држите ритам на сите омилени песни со режимот Taiko или натпреварувајте се со пријателите за да дознаете кој е подобар во тоа.

Лого за режимот Taiko
Направете ритам со режимот Taiko

Чукајте на ударен инструмент според ритамот на музиката со допирање на панелот на допир. Натпреварувајте се со пријателите со режимот Taiko Game.

Лого ознаки за NFC и Bluetooth®
Беспрекорно проследување со NFC и BLUETOOTH®

Користете NFC-поврзување со еден допир за да воспоставите Bluetooth®-врска и веднаш започнете да проследувате.

Маж го турка MHC-V71D со помош на тркалцата
Опција за тркалање

Рачката и тркалото овозможуваат лесно тркалање на MHC-V71D од едно на друго место.

Уживајте во ЗВУК ВО ЖИВО

Уживајте во звук со истиот висок квалитет, без разлика каде стоите на забавата. ЗВУКОТ ВО ЖИВО го распространува звукот низ целата просторија за да можат сите да танцуваат по истиот ритам.

Осветлување на забави од 360°

Осветлете го целиот простор за забава со светилките за забава од 360° и уживајте во реалистична атмосфера како во ноќен клуб или на фестивал.

Уживајте во осветлување од 360° за забави
Обидете се да држите ритам со режимот Taiko

Внесете сопствен ритам на тропање во музиката со режимот Taiko и дознајте дали вашиот ритам е подобар во натпревар против пријателите со режимот Taiko Game.

Разбудете ја поп-ѕвездата во Вас

Забавувајте ги сите - со двата влеза за микрофони може да се натпреварувате со гостите во пеење песни. Внесете доза на рокенрол во забавата со приклучување гитара во еден од влезовите и користете го системот како засилувач за гитара. Користете три режими - „Јасен“ за јасен звук, „Прекумерно засилување“ за изобличен звук на гитарата и „Бас“ за вашата бас-гитара. 

Двајца пеат
Лизгање со раката врз горниот панел на MHC-V71D
Бидете диџеј со контролата со гестикулации

Збогатете ја забавата со еден лесен потег. Забавната и интуитивна контрола со гестикулации ви овозможува контрола на сите функции за забава, меѓу кои и ефектите за диџеи, миксетата и функциите за караоке. За да менувате песни треба да прелистувате лево и десно, или нагоре и надолу за менување на јачината на звукот. Разубавувањето на вашата забава никогаш не било позабавно.

Подобрете ја забавата со дополнителни звучници

Уживајте во помоќен звук со поврзување повеќе аудио системи во домот преку Bluetooth®. Поврзете најмногу 50 компатибилни аудио системи во домот и синхронизирајте ги музиката и осветлувањето.

Управувајте со забавата од подиумот за танцување

Sony | Music Center овозможува контрола на музиката и поставките за звукот преку телефон. Fiestable ви нуди активирање на режимите за диџеи и караоке. Правете промени со замавнување на раката, благодарение на интуитивната контрола со движења.

Апликација Sony | Music Center
Sony | Music Center за Android
Sony | Music Center за iOS
Крал на забавата
Станете крал на забавата

Споделете статус за вашата забава на социјалните медиуми со само едно кликнување во апликацијата Fiestable. Потоа, засилете ја јачината на звукот за да ги развеселите сите и да станете вистински крал на забавата.

Возбудата од стадионот во вашиот дом со режимот за фудбал

Вклучете го режимот за фудбал на MHC-V71D за да уживате во реална атмосфера како на стадион. Исклучете го коментаторот за да уживате во навивањето на публиката, преку минимизирање на звукот на коментаторот и зголемување на звукот на публиката. 

Лого за DVD
Вграден DVD-плеер

Гледајте филмови на едноставен начин преку вградениот DVD-плеер и уживајте во богат звук што внесува реалистичност во вашите омилени сцени.

Лого за HDMI
HDMI™ излез

Гледајте ги омилените серии на вашиот стандарден екран, а притоа уживајте во силен звук од вашите моќни звучници.

Врз горната површина на MHC-V71D прска вода
Горниот панел е отпорен на прскање

Горната површина на MHC-V71D е отпорна на прскање и прав и лесно се чисти, така што ќе можете да продолжите со забавата цела ноќ, дури и ако истурите пијалак.

Маж го влече MHC-V71D со помош на тркалцата
Закосување и туркање за поголема преносливост

Кога ќе посакате да го поместите MHC-V71D, фатете ја практичната рачка за носење и навалете го наназад. Цврстите тркала ви овозможуваат да го донесете на секоја забава.

Поврзување со повеќе уреди

Заедно со пријателите може да впарите најмногу три паметни телефони во исто време преку технологијата BLUETOOTH®. 

Три паметни телефони поврзани безжично со MHC-V71D

Спецификации и функции

Слушајте јасен и моќен звук во секој агол за време на забавата и осветлете ја ноќта со светилките за забава од 360°. Потоа обидете се да држите ритам на сите омилени песни со режимот Taiko или натпреварувајте се со пријателите за да дознаете кој е подобар во тоа.
  • ЗВУК ВО ЖИВО

  • Осветлување на забави од 360°

  • Режим TAIKO и режим TAIKO Game

  • Вграден DVD плеер со HDMI излез

  • Контролата со гестикулации и движења преку паметен телефон го олеснува управувањето со музиката

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина